15 едноставни трикови што сигурно ќе ви се најдат
Секојдневните проблеми можат да бидат навистина здодевни, па секогаш е добро да знаете некој трик што ќе ви помогне да се справите со нив.
Добрите вести се тоа што постојат безброј вакви трикови за кои не ви се потребни многу вештини или алатки.
Доколку повеќе не сакате да губите време со некои од најчестите и најздодевните проблеми, погледнете ги овие генијални трикови.
Обложете го долниот дел од корпата за отпадоци со весник
Весникот ќе ги апсорбира течностите од вашиот отпад, па чистењето на корпата ќе биде многу поедноставно.
Означете го крајот на лепилото со спојувалка
Сега веќе никогаш нема да трошите време барајќи ги го крајот.
Ублажете ги убодите од инсектите со храна
На убодот од инсект нанесете свеж домат и веднаш ќе се ослободите од чешањето.
Поправете ги искинатите панталони
Најдоброто решение во овие ситуации е секогаш да носите игла и конец со вас. Никогаш не знаете кога ќе ви притребаат, па добро е да ги имате со себе.
Употребете го балсамот за усни како прајмер за шминкање
Балсамот за усни може да биде одличен прајмер. Вашата сенка ќе остане на место, дури и кога времето е топло. Покрај тоа, балсамот вистински ќе ги истакне и боите на шминката.
Пченкарно брашно и сода бикарбона против мрсна коса
Можете самите да си направите сув шампон со пченкарно брашно и сода бикарбона. Сè што треба да направите е да ги измешате и да ја нанесете смесата на вашите корења. Потоа отстранете ја со крпа или фен за коса.
Чистење на микробранова со оцет
Во огноотпорен сад ставете малку вода и оцет, ставете го садот во микробрановата и вклучете ја 5 минути. Потоа оставете го садот да отстои 2-3 минути, па избришете со крпа