Зошто треба да ставате влажно марамче во машината за перење?
Секоја домаќинка има свои трикови и тајни за одржување на ред во домот, но никогаш не се на одмет плус советите.
Дали и вие се мачите по секое перење да ги исчистите влакната кои се лепат на облеката и трошите уште толку време на нивно отстранување иако сте ја испрале облеката?
За среќа, постои решение за овој проблем, а трикот е во обичните влажни марамчиња.
Како функционира трикот со марамчињата?
Земете неколку обични влажни марамчиња и ставете ги во машина заедно со облеката за перење. За време на перењето, марамчето ќе се врти на различни страни и ќе ги собира малите влакна од коса, крзно или волна на себе.
Така, облеката ќе излезе чиста, а марамчето ќе ги соберете сите несакани влакна кои остануваат на облеката.
Како да одберете марамчиња?
Обрнете внимание на неколку правила за најдобар ефект:
- Марамчето треба да е од поцврстите за да не се искине
- Не ги бирајте марамчињата со силни ароми
- Не користете двапати исти марамчиња
- Посебно добри се антибактериските марамчиња
- Не користете повеќе од 2-3 марамчиња на едно перење
Други трикови за ефективно перење на облеката:
- Ставете 2 таблети за машинско перење садови во машината за облека и пуштете ја празна на 60˚С за одвреме-навреме да ја прочистувате од бактерии и нечистотии.
- За да им ја вратите белината на работите, додадете неколку таблети аспирин.
- Ставете неколку коцки мраз во машината за да се измазнат гужваните делови од облеката.
- Ставете топче направено од алуминиумска фолија за облеката да не се електризира.
M. M. | Црнобело