Домашен рецепт - Како да ги отстраните дамките од антиперспирант на облеката?
Дали ви се случува и вас да избегнувате да носите одредени маици и блузи само затоа што имаат дамки од дезодорансите под пазувите?
Потењето предизвикува два главни проблеми – непријатен мирис и дамки на облеката како резултат од дезодорансите кои ги користите.
Дури и ако немате сериозен проблем со потењето, може да се соочите со дамки на облеката под пазувите кои не може да ги исчистите.
Антиперспирантите содржат состојки кои спречуваат потење и непријатен мирис, но за сметка на тоа, оставаат бели кругови на облеката кои не се отстрануваат со обично перење.
За среќа, постои домаќински трик со користење на производи кои сигурно ги имате дома.
Домашен рецепт за отстранување дамки од дезодоранс на облеката:
1. Истурете сода бикарбона на делот каде што има бели дамки.
2. Содата реагира добро со алкохолен оцет, па додадете одозгора додека не почне да пени.
3. Оставете ја мешавината да постои неколку минути и исчестете ги остатоците со четка или крпа.
М. М. | Црнобело