Што најпрво забележуваат луѓето во неуредните домови?

Некогаш не можете да гледате како не е сè под конец кај вас дома, а некогаш пак, можете со денови да оставите несредено или да прескокнете едно бришење прашина или поминување со правосмукалка.

shto-najprvo-zabelezhuvaat-lugjeto-vo-neurednite-domovi-001.jpg

Но, ако треба да ви дојдат гости, тогаш се впуштате во акција за чистење во која ги светнувате дури и горните рабови на вратите.

Вистината е дека вашите блиски луѓе баш и нема да забележат дали ви останала прашинка во некое ќоше од домот и ќе се сконцентрираат на заедничкото дружење.

Од друга страна, пак, некои нешта не може да останат незабележани, како што се:

Купови хартија насекаде

Многу луѓе забележуваат ако документите, книгите, нотесите, весниците и другата хартија ви е неуредна. Тоа може да им остави полош впечаток за вас отколку случајно промашена пајажина во ќош што е во мртов агол за човечкото око.

Обидете се да ги систематизирате сите тие хартии, за да можете по некое време и самите да се снајдете со нив.

shto-najprvo-zabelezhuvaat-lugjeto-vo-neurednite-domovi-02.jpeg

Нечисти крпи во тоалетот

Кога треба да ви дојдат гости, поставете чиста крпа за бришење раце во тоалетот. Истото направете го и во кујната. Многу луѓе се згрозуваат од помислата да се избришат со крпа која е видливо користена претходно.

Дури и за вас самите е подобро крпите за бришење раце да ги менувате на неколку дена. Не заборавајте и да го пребришете подот од тоалетот кога ви доаѓаат гости.

Лавабо полно со садови

Блиските може да не забележат или да ви понудат помош, но кога имате повеќе гости потрудете се во кујната да немате полно лавабо со нечисти садови.

Ова особено важи доколку имате кујна во склоп на дневната соба или зад шанк, или пак ако треба гостите самите да се послужат од фрижидерот.

shto-najprvo-zabelezhuvaat-lugjeto-vo-neurednite-domovi-03.jpg

Целосниот амбиент

Постојат луѓе кои може да ви замерат за осветленоста, поставувањето на мебелот, провевот, квалитетот на прозорците... Со нив е барем едноставно - игнорирајте ги, кај вас се само неколку часови.

Генерално ништо

Најбројни се оние кои доаѓаат кај вас за да се видат со вас и да поминете квалитетно време заедно. Нив навистина не им пречи дали поголемата книга е врз помалата, дали перниците ви се складни со прекривката или можеби сте промашиле една „лента“ со прашина од полиците.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg