Погрешно ја перете, не носите престилка и уште 8 работи со кои несвесно ја уништувате облеката
Важно е да се грижите за квалитетот на облеката, бидејќи таа остава важен впечаток за вас.
Но, покрај тоа што треба да купувате квалитетна облека, треба да се трудите и да го задржите добриот изглед.
Многупати, луѓето несвесно си ја уништуваат облеката, со неправилно перење, чување на облеката или готвење без да ја заштитат.
Има многу начини на кои ја уништувате облеката без да сакате, но време е да станете повнимателни и да обрнувате внимание и на тоа.
Секојдневни работи со кои ја уништувате облеката:
1. Не ја сортирате облеката за перење според тоа колку се извалкани.
- Така и оние кои се почисти може да станат повалкани, па така, долната облека и другите парчиња облека не треба да ги мешате со куп крпи со кои сте бришеле прашина
2. Мешате темна со светла облека во машина и ризикувате пуштање боја и фарбање.
3. Не ги закопчувате патентите пред перење и ризикувате оштетување на истиот или уништување друга облека.
4. Никогаш не носите престилка кога готвите.
5. Ги закачувате џемперите на закачалка и им ја уништувате формата.
6. Кога ќе истурите нешто, веднаш почнувате да триете и да ја разнесувате дамката, наместо прво да ја впиете течноста со нешто суво.
7. Ја складирате облеката на која не ѝ е сезона без претходно да ја исперете.
8. Ставате детергент во машина „од око“, но мерките постојат со причина бидејќи некогаш облеката може да ја извадите полоша од претходно ако ставите премногу детергент.
9. Ги перете џемперите без да ги превртите од внатрешната страна и предизвикувате триење едни од други, заради што изгледаат исчупкано.
10. Не ги гледате симболите на етикетите на облеката и ги перете погрешно.
М. М. | Црнобело