7 работи кои треба да ги чистите и фрлате на неделно ниво

Хаосот низ дома најчесто настанува поради недоволно откажување, односно фрлање на работите кои само зафаќаат простор, а не ви користат.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-i-frlate-na-nedelno-nivo-001.jpg

Постојат 7 работи кои треба да ги проверувате и фрлате на неделно ниво:

1. Хартија, кеси, сметки

Сите промотивни флаери, сметки и кеси кои не ги користите треба да ги сортирате или фрлате најмалку еднаш во текот на неделата.

2. Празни шишиња и тегли

Покрај кујнските шишиња и тегли, треба да ги проверите и козметичките производи и да ги фрлите празните кутии и опаковки.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-i-frlate-na-nedelno-nivo-01.jpg

3. Свежо цвеќе

Исушеното цвеќе ниту е пријатно за очите, ниту за енергијата и атмосферата која владее во домот.

4. Стара облека

Еднаш во неделата направете „чистка“ на сите поткинати чорапи, износена долна облека, стари крпи, исфлекани маици кои никако да ги исчистите...

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-i-frlate-na-nedelno-nivo-02.jpg

5. Шминка и накит

Еднаш во неделата стекнете рутина да ја проверувате состојбата на шминката и накитот.

6. Дупликати

Многумина имаат по два до три пара од ист предмет, кои само им зафаќаат простор, а реално користат само еден. Слушалките, ножичките или каблите кои ги имате во повеќе примероци не мора да ги фрлите, но сортирајте ги во посебни кутии и кренете ги на место подалеку од дофат.

7. Мејлови и пораки на социјални мрежи

Со оглед на тоа што секојдневно пристигнуваат по десетици, па и стотици мејлови и пораки по социјалните мрежи, еднаш во неделата е минимумот за нивно чистење.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-i-frlate-na-nedelno-nivo-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме Колку често ги перете перниците? А, дали ја чистите машината за садови? Колку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg