Престанете да ги миете садовите рачно пред да ги ставите во машина
За волја на вистината, ако имате постар модел машина за миење садови, веројатно треба да ги отстраните сите остатоци од храна пред да ги сместите во машината.
Но, ако вашата машина за миење садови е понов модел (од последните 5-7 години), тогаш немате потреба прво да ги миете садовите рачно. На тој начин заштедувате и време и нервози и вода и електрична енергија.
Она што треба да внимавате е остатоците од храна да не се „скаменат“ врз садовите, но дури и во таков случај, машината е прилично ефикасна во отстранувањето на нечистотијата.
Потрошувачката на вода при еден циклус на машината за перење е неспоредливо помала отколку кога истата количина садови би ја миеле рачно. Освен тоа, машината троши и помалку струја отколку полното кујнско бојлерче.
Секако, ова не значи дека машината троши малку вода, но доколку се спореди миењето, дури и со повремено затворање на чешмата, при машинското миење загубите се речиси занемарливи. Во исто време, не ја оштетувате кожата на рацете со детергентот и абразивите, а ги чувате и грбот и стапалата.
Внимавајте кои видови садови смеат да се мијат во машина. Тоа го пишува на секое упатство.
Е. Д. | Црнобело