Фенг-шуи трикови за спалната соба кои ја отстрануваат негативната енергија
Потребни ви се точно девет одредени предмети, според принципот на фенг-шуи, за од спалната соба да ја истерате негативната енергија.
Според најосновните правила на овој принцип, спалната соба е најважна просторија во домот, бидејќи во неа е содржана нашата лична енергија. Доколку таму владее нестабилна негативна енергија, тоа влијае и врз општото расположение и врз личниот живот.
Затоа, обрнете внимание на следниве девет предмети. Во овој принцип, бројот девет е симбол на премин во нешто подобро или на нови почетоци.
1. Кревет
Избегнувајте огромни кревети, бидејќи ја разрушуваат хармонијата. Доволен е кревет со димензии 200х150 сантиметри, бидејќи сè што е повеќе, физички ги разделува партнерите.
2. Дифузер за мирисливи масла
Етеричните масла имаат и исцелувачки својства, ве релаксираат и ве прават посреќни. Најдобри за спална соба се етеричните масла од лаванда или сандаловина.
3. Кристали
Четири парчиња црн турмалин и еден проѕирен кварц се доволни за да ја исчистат целата соба од насобраната енергија. Поставете по еден турмалин во секој агол, а кварцот во централен дел од собата, може и под креветот.
4. Две ноќни масички
По една на секоја страна од спалната соба, бидејќи на секој од партнерите им е потребна за оставање на личните предмети.
5. Црна тетратка и црвено пенкало
Црната боја според фенг-шуи е симбол на знаење и мудрост, а црвената на будните мисли. Своите најдобри идеи привлечете ги со оваа комбинација на бои и запишете ги во тетратката.
6. Две парчиња розов кварц
Розовиот кварц привлекува љубов во вашиот дом, а го чува емотивното здравје, довербата и хармонијата во односите со партнерот.
7. Ткаенина за врз електронски уреди
Светло парче платно со кое ќе ги покриете компјутерите и сите извори на сина светлина. Сепак, доволно е само да ги изгаснете сите електронски уреди во спалната соба кога си легнувате.
8. Едно зелено растение
Дури и најмала билка е доволна за да го прочистува воздухот во спалната соба. Одберете го растението кое ви се допаѓа и сместете го во вашата спална соба.
9. Цветно есенцијално масло
Секогаш кога се чувствувате вознемирено, нанесете една капка цветна есенција на дланката и протријте. Дозволете аромата да ве смири.
Е. Д. | Црнобело