Зошто никогаш не треба да ги оставате чевлите низ домот и да шетате наоколу со нив?

Сосема е вообичаено кога ќе си дојдете дома од некаде, барем во ходникот да влезете со чевли, па таму да ги соблечете и оставите.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-01.jpg

Има и такви кои се послободни, па знаат и да прошетаат низ домот со чевли додека се раскомотат и мислат дека не е ништо страшно ако се направат неколку чекори наоколу.

Освен ако не газеле во кал и надворешно чевлите не изгледаат валкано, повеќето сметаат дека им се прилично чисти.

Но, вусшност, на чевлите има многу бактерии и според истражувањата, голем дел доаѓаат во контакт со фекалии, па многу нечистотии не остануваат на дното на чевлите, туку низ вашиот дом!

Затоа, некои луѓе практикуваат чевлите да ги соблечат пред врата, па без нив да влезат во домот, а веднаш да ги остават на место во затворено шкафче.

Во продолжение погледнете кои се најсериозните невидливи причини заради кои не треба да ги носите чевлите низ дома:

Бактерии

Бактериите „обожаваат“ чевли и налетувате на нив речиси насекаде во текот на денот – измет од птици, јавните тоалети и течноста на подот, измет од куче – сите овие се извор на лоши бактерии, а ако влезете во домот со чевли, ќе се пренесат и таму.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-02.jpg

Хемикалии и токсини

Кога шетате во природа, исто така газите на хемикалии за трева, отрови, антифриз и други хемикалии кои се нашле на патот.

Сите тие отрови остануваат на вашите чевли, а кога ќе влезе дома, ги разнесувате насекаде.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-03.jpg

Микроскопски бубачки и грини

Во контакт со земја и растенија, на чевлите може да се налепат малечки микроскопски штетници, како бубачки и грини, кои вие не ги ни забележувате, но постојат во природата.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-04.jpg

Нечистотија и кал

Секако, покрај невидливите бактерии, токсини и бубачки, една повпечатлива причина заради која не треба да ги носите чевлите дома се нечистотијата и калта.

Исчистете ги прво чевлите надвор, па потоа внесете ги директно во шкафче.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-05.jpg

Вода

Доколку чевлите ви биле целосно намокрени и влезете дома со нив, може да ја разнесете насекаде  или ако оставите да се цедат внатре, да го оштетат подот.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-06.jpg

Одењето боси е добро за вас

Покрај многуте лоши причини заради кои треба веднаш да ги соблекувате чевлите, има и добра причина зошто треба да го правите тоа.

Всушност, одењето бос понекогаш им помага на стапалата да бидат поцврсти и здрави и секако, помага да се релаксирате.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-07.jpg

Како да го одржувате домот без стапки од чевли насекаде:

  • Соблекувајте ги секојпат пред да влезете и ставајте ги на место
  • Кога ќе се облечете пред да излезете, не се шетајте наоколу со чевли додека да се спакувате целосно – облекувајте ги чевлите пред да излезете од врата
  • Терајте ги и гостите да ги соблекуваат веднаш чевлите кога ќе влезат
  • За да биде очигледно дека чевлите се соблекуваат, набавете чергиче веднаш до вратата за таму сите да ги оставаат или ставете полици
  • Чистете ги редовно чевлите

zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-ostavate-chevlite-niz-domot-i-da-shetate-naokolu-so-niv-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg