6 работи во вашиот дом кои најверојатно ги чистите премногу често

Дали постојано го триете со крпа и средства дрвениот мебел? Време е да намалите со темпото.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-01.jpg

На многу луѓе чистењето не им е најомилената активност во животот, па ако сте и вие меѓу нив, тогаш ќе ви биде мило да слушнете дека некои работи во вашиот дом ги чистите премногу често.

Можеби во моментов низ умот ви минува дека не постои такво нешто како премногу чистење, но верувајте дека тоа не е вистина.

Понекогаш со претераното чистење постои опасност да оштетите некои работи во домот.

Предмети кои најверојатно ги чистите пречесто:

Дрвен мебел

Ако дрвениот мебел го чистите само со мека памучна крпа, тогаш не е проблем, но ако секој пат кога го чистите ставате некакво средство, тогаш може да го оштетите затоа што доаѓа до т.н. „заробување“ на прашината на дрвената површина и вие постигнувате спротивен ефект.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-02.jpg

Детски играчки во бањата

Ако вашето дете ги користи овие играчки само во бањата, тогаш нема потреба да ги чистите секој ден. Доволно е само еднаш месечно да ги потопите во алкохолен оцет.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-03.jpg

Килими

Постојаното минување со правосмукалката на килимите е препорачливо во домот, но треба да внимавате кога станува збор за професионално чистење на килимите.

Тој метод е поагресивен, па на вашите килими ќе им паднат многу влакна и ќе избледат, односно ќе се оштетат. Затоа не треба да го практикувате премногу често.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-04.jpg

Огледала

Ако постојано го прскате огледалото со средство, тогаш со влагата може да го оштетите. Понекогаш е подобро неколку краткорочни дамки на него, отколку долгорочна штета.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-05.jpg

Облека

Ако по носењето секое парче облека веднаш го фрлате за перење во машината, тогаш може да ја оштетите облеката.

Во ред е долната облека да ја перете постојано, но кога станува збор за фармерки, палта, кошули и други парчиња облека, можете да ги носите барем неколку пати пред перењето, освен ако навистина нема потреба да се стори тоа порано.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-06.jpg

Тегличките за сол/шеќер/кафе

Ако ги чувате на чисто и суво место нема потреба тегличките со сол, шеќер, кафе и други продукти да ги празните постојано и да ги миете.

6-raboti-vo-vashiot-dom-koi-najverojatno-gi-chistite-premnogu-chesto-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg