Трикови кои ќе ве спасат во различни ситуации, а сè што ви е потребно за нив имате дома
Најголем дел од нас, се научени да ги користат предметите само за нивната примарна функција.
Но, многу продукти имаат повеќе намени покрај основната, и може да ви бидат спас во различни ситуации.
На пример, копчињата не служат само за да ја држат облеката затворена, цевките не се само за омилените пијалаци, а силиконските гелови кои ги добивате во многу нови купени работи, имаат повеќе функции.
Доколку не верувате, следните трикови ќе ве разубедат во тоа, па добро запомнете ги и применете некој од нив.
Генијални трикови кои ќе ве спасат во различни секојдневни ситуации:
1. За стаклата во автомобилот да не се замаглуваат, ставете ги покрај шофершајбната малечките пакетчиња силиконски гел кои ги собирате со секој купен пар чевли.
2. За да се ослободите од влагата во спортските торби, исто така може да ги искористите пакетчињата силиконски гел кои ќе ја апсорбираат влагата и ќе го отстранат непријатниот мирис.
3. За да не ви се губат обетките, закачувајте го секој пар на дупчињата од различни копчиња кои не ги користите.
4. Мрежите во кои се продаваат овошје и зеленчук може да ви послужи за чистење на металните садови без да ги изгребете.
5. Кутиите во кои се продаваат марамчиња, наместо да ги фрлите, искористете ги за чување мали кеси.
6. Со помош на канцелариски штипки може да спречите лизгање на шишињата и лименките во фрижидер, така што ќе ја закачите на полица и покрај неа ќе редите.
7. За свеќите да не ви ја уништат масата и за поубав изглед, може да искористите силиконски калапи за печење како подлога.
8. За облеката која собира електрицитет да не се лепи за телото, ставете голема метална спојувалка на внатрешниот дел.
9. За попријатен мирис во домот, ставете во еден сад цели зрна кафе, а одозгора запалете свеќичка, чија топлина врз кафето ќе рашири пријатна арома.
10. За да ги пресечете тврдо варените јајца побрзо искористете решетка за печење и притиснете ги сите одеднаш.
М. М. | Црнобело