Трикови за безгрижно пакување во 11 чекори
Колку пати во текот на едно пакување си повторувате „да не заборавив нешто?“
За секое пакување да не ви биде стрес и мака, ви требаат 11 едноставни чекори.
Овој водич нека ви биде олеснување ова лето:
Чекор 1: Запишете сè што мислите дека ви е неопходно
Како што ќе ги пакувате работите подоцна, штиклирајте или прешкртувајте го списокот. На овој начин никогаш повеќе нема да буричкате по куферот за да проверите дали сте го спакувале омилениот фустан или удобната кошула.
Чекор 2: Држете се до одредена палета на бои
Чекор 3: Виткајте ја облеката во ролна, наместо да ја диплите како за во плакар
Чекор 4: Додадете нешто топло
Колку и да одите во топли, егзотични краишта, ништо не ве чини да земете една подебела наметка и пар долги панталони.
Чекор 5: Наполнете ги чевлите за да заштедите простор
Чекор 6: Или прескокнете го нивното пакување
Носете еден пар универзални чевли на вас, доколку е можно.
Чекор 7: Ситниците пакувајте ги во проѕирни вакум ќеси
На тој начин ќе имате подобра прегледност без да правите неред.
Чекор 8: Размислете што може да купите откако ќе пристигнете
Ако одите на веќе позната или урбана дестинација, секогаш може таму да купите неколку основни производи, наместо да ги пакувате. Ова се однесува посебно на работите кои може да пукнат, истечат и да направат неред во куферот.
Чекор 9: Играјте тетрис со несесерите
Сите работи прво спакувајте ги во посебни торбички и несесери, па потоа играјте „тетрис“ за да го пополните и најмалиот можен простор.
Чекор 10: Спакувајте долна облека во рачниот багаж
Не би требало на пат да тргнете со лоша помисла, но доколку нешто му се случи на вашиот куфер, при рака секогаш би требало да имате основни производи за хигиена, меѓу кои спаѓа и резерва долна облека.
Чекор 11: Мантра пред да излезете од дома
Мантрата би требало да гласи – клучеви, пари, документи, мобилен телефон и полнач.
М. Д. | Црнобело