Корисни трикови за облека и чевли, заради кои животот ќе ви стане полесен
Веројатно и вие паничите кога ќе забележите дамка на некое омилено парче облека или чевли и мразите сè околу вас бидејќи мислите дека нема решение.
Сепак, иако навистина не постои решение за секој вид на оштетување, сепак за некои дамки и непријатни мириси, постои.
Со овие трикови, вашите омилени модни парчиња ќе бидат поиздржливи, а вам ќе ви биде полесно одржувањето.
Научете нешто ново или потсетете се на некој трик кој токму сега ќе ви затреба:
Исчистете ги дамките на чевлите
Ако омилените чевли од превртена кожа ви се извалкани, исчистете ги со мицеларна вода.
Избегнете гужвање на облеката
Тенките џемперчиња закачете ги на закачалка според чекорите на сликата за да не се гужваат, ниту растегнуваат.
Зачувајте ја формата на чизмите
Иако добро го знаете овој трик, сигурно не сите го применувате, но време е да почнете.
Ослободете се од непријатен мирис на валкана облека
При патување, за валканата облека во кеса да не ви се умирисува, ставете во неа едно сапунче од хотелските кои ќе ги најдете во соба.
Здолниште отпорно на ветер
За здолништето да не ви се крева кога има ветер, сошијте на долниот дел неколку монети во ткаенина кои ќе го прават здолништето отпорно на ветер.
Ослободете се од непријатен мирис во чевли
Ставете кесички чај во чевлите кои мирисаат непријатно.
Ослободете се од мирисот на пот на облеката
Пред перење, испрскајте ги џемперите или блузите со вода и лимон за да се ослободите од мирисот на пот.
Спречете лизгање на облеката на закачалки
Кога закачувате тенка кошула или блуза, за да не се лизга и паѓа од закачалка, намотајте неколку гумени ластичиња на страните од закачалката.
Трансформација на обична облека
Обичната маичка по тенки прерамки, претворете ја во маичка со впечатливо деколте која се вкрстува кај вратот.
Решете ги малите гребаници на патиките
Ако гумениот дел на патиките е извалкан и има тенки гребатинки, поминете го со памук и ацетон.
М. М. | Црнобело