Брзи и лесни начини да го отстраните непријатниот мирис од рацете по готвењето
Мирисот кој се шири низ домот од вкусните јадења додека готвите сигурно ви предизвикува поголем апетит и пријатно чувство.
Но, мирисот кој останува на рацете по готвењето и не е баш толку пријатен, а некогаш е толку силен што иритира.
Некои јадења мирисаат толку силно што е залудно миењето раце со сапун неколку пати по готвењето.
Сепак, постојат трикови со кои може да го отстраните мирисот на риба, лук или кромид.
Сигурно ќе ви се најде барем некој од нив:
Нерѓосувачки челик
Обичниот сапун не може да ви помогне со силниот мирис кој се задржал на рацете, посебно ако е од риба или лук.
Но, мирисот може да исчезне доколку ги протриете рацете од било кој производ направен од нерѓосувачки челик, на пример од мијалникот во кујна или од некои садови.
Кафе
Ако не ви пречи да го замените непријатниот мирис со друг попријатен мирис, тогаш кафето е решение за вас.
Зрната кафе освен што се добри за природен пилинг, ќе ви помогнат и да го отстраните мирисот од рацете, по што кожата ќе остане негувана.
Магдонос
Магдоносот е препорачлив и за ослободување од лошиот здив, па истиот ефект го има и на кожата. Протријте магдонос со рацете и исплакнете – дамките од цвекло, морков или бобинки ќе исчезнат заедно со мирисот.
Вода од лимон
Истиот ефект го има и цитрусното овошје. Поминете со исечен лимон низ дланките или пак измешајте го сокот од лимонот со малку вода и со тоа измијте ги рацете. Овој метод е посебно добар против мирисот од риба.
Маслиново масло
Маслиновото масло има ефект како кога би ставиле ракавици. Намачкајте ги рацете малку пред да почнете да подготвувате нешто со мирисливи намирници како кромид или лук и мирисот нема да се задржи на рацете.
М. М. | Црнобело