12 работи без кои вашиот дом ќе биде поубав, а вие посреќни
Навистина нема потреба да трупате сувенири на полиците, да чувате сервиси за кафе од баба ви и да имате фиоки полни непотребни работи.
Некои работи во домот ни го расипуваат расположението секојдневно, а низа истражувања покажуваат дека ситуацијата во домот влијае во голема мерка на квалитетот на животот на луѓето.
За да се чувствувате покомфорно и поубаво треба да се ослободите од некои работи во домот.
Кои предмети во го уништуваат расположението:
Сетови што сте ги добиле на подарок
Доста чувавте сервиси за посебни пригоди, специјални прибори за јадење и сетови за кафе и шеќер кои сте ги добиле од вашата тетка за во кујната.
Убавите работи користете ги секој ден и ослободете од сè што не ви е потребно. Просторот ќе дише, а и вие заедно со него.
Сувенири
Колегата ви донесе сувенир од Турција, далечен роднина ви донесе дрвена играчка од Египет и на вашите полици се трупаат непотребни работи, кои ви предизвикуваат нервоза секој пат кога бришете прашина.
Мирисливи свеќи
Мирисливите свеќи го чекаат вистинскиот миг за еден ден да бидат искористени, зарем не? Особено кога ви се подарок.
Секој ден е посебен, па запалете ги веднаш. Нема потреба да ви фаќаат прашина на бирото.
Скршени предмети
Да, ја обожававте таа ваша специјална шолја за кафе и тој најостар нож од приборот, но сега кога се веќе оштетени и го отслужиле своето, време е за пензија.
Оштетените предмети веќе не ја исполнуваат својата функција како што треба, па време е за чистка.
Телевизор
Од оваа навика сигурно нема лесно да се откажете, но барем можете да го тргнете телевизорот од спалната соба.
Вревата во позадина личноста може да ја перципира нормално, но сите тие светли слики и звуци кои константно се менуваат од телевизорот го заморуваат вашиот мозок, дури и кога вниманието не ви е насочено кон телевизорот. Исто така, ви предизвикуваат проблеми со спиењето, па и со концентрацијата наредниот ден.
Предмети од некое заборавено хоби
Недовршениот пејзаж и четките од вашето некогашно хоби, кои не сте ги допреле три години, ви го расипуваат расположението.
Само штом ќе ги погледнете чувствувате грижа на совест бидејќи немате време да му се посветите на хобито, па затоа фрлете ги.