Како да ги складирате работите за да не ви се губат и уништат при транспорт?
Дали некогаш при селење сте ја почувствувале неудобноста при собирање работи во кеса, кои може да се изгубат или уништат?
Доколку ве очекува селење, сигурно ви се потребни трикови за полесен начин за транспорт на одредени работи.
Постои начин како да ги соберете работите во кутии или да ги заштитите ситните предмети од губење, но и од уништување и кршење.
Следниве трикови со сигурност ќе ви бидат од корист:
1. Храната која мислите дека може да ви затреба при селењето, соберете ја во кутија и чувајте ја при рака.
2. Накитот залепете го на картони за ситните делови да не може да ви се изгубат или да се заплеткаат ако се на куп.
3. Или, големите гердани може да ги закачите на ролна.
4. За да не се изгубат малите обетки, може да ги закачите на поголеми копчиња и да ги ставите сите заедно во кутија.
5. Ставете памук за да ја заштитите шминката од кршење.
6. Залепете го огледалото со селотејп, за во случај стаклото да се уништи при транспорт, лентите да го држат и да спречат кршење на мали парчиња.
7. Кршливите работи пакувајте ги измеѓу нешто меко, како што се пешкирите, кои потоа ќе ги исперете.
8. Приберете ги малите делчиња во проѕирни кесички на кои ќе напишете што состојат.
9. Не заборавајте да ги потпишете големите кутии во кои складирате повеќе работи за да знаете што точно има во нив.
10. Важните документи ставете ги во посебна папка со заштитна фолија.
11. Малечките работи од кујната, како зачините, може да ги спакувате во поголемите тенџериња, за максимално да го искористите просторот.
12. Книгите од домашната библиотека можете да ги спакувате во куфери, за да не мора да носите многу кеси или кутии кои може да се скинат од тежината.
М. М. | Црнобело