7 паметни начини за чистење на домот за сите зафатени луѓе
Постојано имате дамки на огледалата и славините, мебелот ви е со влакна од милениците, а микробрановата полна со маснотии? Решенијата се брзи, лесни и евтини!
Пролетта е на прагот и некако како да ни дава енергија за комплетно освежување на домот.
Сепак, ако сте една од оние зафатени личности, кои навистина тешко пронаоѓаат време за чистење, тогаш овие трикови ќе ви ја олеснат работата.
Неколку идеи како вашиот дом брзо и лесно да сјае:
Исчистете го огледалото со пена за бричење.
Нанесете, па избришете со крпа и дамки ќе исчезнат.
Светнете ги славините со лимон.
Пресечете го на половина и тријте ги со него за да бидат чисти и сјајни повторно.
Отстранете ги влакната од милениците од мебелот и килимите со гумени ракавици.
Ставете ги ракавиците и добро истријте. Влакната ќе се соберат во топче.
За да достигнете до високите агли во домот, земете долга метла и покријте ја со ткаенина, па врзете ја со ластиче.
Едноставно ќе ги дофатите нечистотиите и пајажините.
Исчистете ја машината за садови со лимонова киселина.
На местото каде ставате детергент, ставете лимонова киселина, пуштете ја да работи и таа ќе сјае повторно.
Ставете порцелански сад со вода во микробрановата печка.
Оставете водата да зоврие и од пареата ќе се разложат сите маснотии. Потоа само избришете со крпа.
Користете ќесички филтер кафе за чистење на телевизорот и екранот на компјутерот.
Ќе ја улови прашината, а нема да остави влакна.
С. С. | Црнобело