3 трикови со кои визуелно ќе ја зголемите малата бања
Можеби не можете да додадете простор во вашата бања, но затоа можете барем да направите да изгледа поголема.
Поголемиот дел од луѓето, особено оние што живеат во станови, се соочуваат со недостиг на простор и мала бања.
Дали и вие го имате овој проблем? Дали имате матни или тонирани стакла на туш кабината или можеби пластифицирани завеси?
Матните огледала се лесни за одржување, но визуелно го намалуваат просторот.
Како визуелно да ja зголемите малaта бања?
Туш кабина со проѕирни стакла
Ако имате мала бања, треба да ставите туш кабина со проѕирни стакла и тоа од подот до таванот. Тоа ќе ја направи визуелно поголема.
Ѕидови во светли бои
Исто така, ѕидовите бојадисајте ги во светли бои и додадете впечатливи детали, како пешкири во силни бои, пластичен сад за сапун и четки или несесери за шминка со интересни дезени.
Големо огледало
Просторот дополнително направете да изгледа попространо, така што ќе ставите поголемо огледало. Но, размислете пред што ќе го поставите за да има смирена рефлексија во него.
С. С. | Црнобело