4 апарати во домаќинството кои ги расипувате затоа што не ги читате упатствата
Дали од вашите раце и мрзеливост понекогаш страдаат машината за перење алишта, машината за садови, фрижидерот и микробрановата печка во вашиот дом?
Колку пати ви се случило да скршите нешто во домаќинството само затоа што брзате и ве мрзи да ги прочитате упатствата за употреба?
За 5 минути можете да направите штета за која после ќе имате главоболки и ќе треба да вложите финансиски средства за да ја поправите.
Апарати во домаќинството кои ги расипувате затоа што не ги читате упатствата:
Фрижидер
- Најголемата штета во фрижидерот ја прави ставањето жешки садови. Колку и да е модерен фрижидерот, ова му штети на секој модел.
- Кога го одмрзнувате замрзнувачот од фрижидерот секогаш сте во искушение да ја забрзате процедурата со вадење на мразот со помош на нож. Ова не смеете да го правите, без разлика колку и да ви изгледа безбедно заштитниот слој.
- Неправилното распоредување на продуктите му штети на фрижидерот. Ставањето претешки работи на чувствителни делови може да доведе до пукање на пластиката.
Машина за перење
- Најчесто се расипува пумпата за одвод поради нешто што испаднало од џебовите на вашата облека. Мал пластичен или метален предмет може да направи голем проблем.
- Преполнувањето на машината предизвикува небаланс при вртењето и го оштетува ременот на машината.
- Елементите за загревање може да се расипат, не само поради бигорот во водата, туку и поради тоа што ставате премногу детергент.
Микробранова печка
- Внимавајте на хигиента во микробрановата печка. Доколку таа е покриена со маснотии и нечистотии може брзо да се расипе.
- Повеќето остри четки ќе ја оштетат вашата микробранова, освен ако таа не е направена од нерѓосувачки челик.
- Сите знаат дека не смеат да се користат метални садови за загревање на храна во микробрановата. Но, треба да запомните дека се забранети и порцеланските садови кои имаат дури и најмал дезен со боја што содржи метал. Искри веднаш ќе почнат да летаат.
Машина за садови
- Најголемиот дел од проблемите со машината за садови се поради остатоци од храна во чиниите што ги ставате внатре. Тие го блокираат одводот, ги оштетуваат филтерите и на крај ќе имате неизмиени чинии.
- Бигорот од водата штети на машината за садови затоа не смеете да штедите на специјални средства за „омекнување“ на водата.
С. С. | Црнобело