Збогум на часовите пеглање и масните тави: 9 совети за совршено чист дом на лесен начин

Фрижидер без дамки, сјајни огледала, ред во тоалетот, зарем не звучи совршено? Со овие трикови сега е возможно!

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-01.jpg

Сигурно и вие минувате часови и часови во чистење на домот. За работата да ви оди полесно и поефикасно пуштете музика, колку погласно, толку подобро.

Плус, со помош на овие домаќински совети поедноставете си го животот:

Нечисти чевли

Решението е „послужавник“ наполнет со камчињата што ги имате собрано од плажа минатото лето. Ќе изгледа декоративно, плус подот ќе ви остане чист.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-10.jpg

Сапун на сите страни

Цврстиот сапун заменете го со течен и збогувајте се со хаосот кај мијалникот. Нема да верувате колку напор ќе ви заштеди овој навидум незначителен потег.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-08.jpg

Нечистиот кревет на вашето милениче

Само ставете специјална голема пелена во форма на квадрат и менувајте ја на неколку дена. Нечистотиите ќе се собираат на неа, па ќе бидете задоволен сопственик со задоволно милениче.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-06.jpg

Влакна на подот

Ако теписите ви се полни со влакна што паѓаат од вашата коса, но и влакна од вашето милениче, гребалката за прозорци од автомобилот е совршената алатка за собирање на влакната.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-02.jpg

Фрижидер со дамки

Обложете ги полиците на фрижидерот со некоја украсна хартија и збогувајте се со дамките од истурената храна.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-09.jpg

Масни тави

За да не се нервирате миејќи масни тави пред печењето на рибата или какво било месо, ставете фолија во тавата.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-05.jpg

Расфрлени средства за чистење

За еднаш засекогаш да ставите ред, сите средства за чистење ставете ги во една пластична кутија.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-03.jpg

Огледала со отпечатоци

Половина компир ќе ви помогне да имате брилијантно сјајни огледала во домот. Избришете ја површината со пресечениот компир и потоа поминете со сува крпа.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-07.jpg

Мачно пеглање

Не сакате да минувате часови и часови во пеглање? Обложете ја со фолија вашата штица за пеглање и облеката ќе ви биде веднаш испеглана од двете страни.

zbogum-na-chasovite-peglanje-i-masnite-tavi-14-soveti-za-sovrsheno-cist-dom-na-lesen-nachin-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg