12 трикови од нашите баби што ќе ви го олеснат животот
Збогувајте се со лошата миризба во фрижидерот, дамките од облеката и темните пазуви со помош на следниве домашни трикови.
Во секојдневието сме во трка со времето, па сакаме работите да ги направиме брзо, ефикасно и евтино.
Некои мали пречки во животот, понекогаш знаат да нè забават и навистина да не изнервираат.
Затоа советите од нашите баби ќе послужат одлично и ќе ни го олеснат животот:
Немате сукало? Земете стаклено шише и време е за сукање пита.
Немате сечач за колачи? Со помош на чаша направете совршено обликувани кружни колачиња.
Ви остана сос? Ставете го во фрижидерот и смрзнете го. Наредниот пат кога ќе правите тестенини или друг брз оброк, само стоплете го и додадете го.
Темни ви се пазувите? Исечете компир на половина и истријте ги пазувите за да ги осветлите, компирот содржи состојки кои помагаат во тоа.
Имате мрсни тави? Измешајте сода бикарбона и оцет и лесно отстранете ги маснотиите.
Имате дамки? Користете бела креда за дамки од масло, сода бикарбона за дамки од кафе, алкохол за дамки од кармин, млеко за дамки од мастило, оцет за дамки од трева...