15 мали тајни на професионалните готвачи кои ќе ги направат вашите јадења деликатесни
Професионалните готвачи многу внимателно ги чуваат своите тајни и ги споделуваат само со своите ученици. Сепак, некои од тајните и знаењето на готвачите знае да излезе на виделина.
Ова се само мал дел од тајните на големите готвачите низ целиот свет, со цел да ви помогнеме да готвите скоро исто толку добро како Гордон Ремзи:
Идеален стек
Никогаш немојте да го печете местото штотуку извадено од фрижидер. Оставете го на собна температура еден до два часа. Тоа ќе се загрее и за време на печењето ќе биде еднакво зготвено, а вие ќе може да го спремите идеалниот стек без разлика на тоа како тип на печење преферирате.
А ако сакате да добиете убава крцкава надворешност, исушете го месото со хартиена салфета.
Најсочно месо
Пилешкото или свинската кртина се печат подолго и постои опасност да се исушат при печењето. За да го избегнат ова, европските готвачи користат техника на потопување на месото во раствор од вода и сол (саламура).
За да ја приготвите саламурата ќе ви треба: 1 л вода, ¼ шолја сол (или по желба), ½ шолја шеќер и во сето тоа измешано треба целосно да го потопите месото и да го оставите да отстои во фрижидерот.
Времето што е потребно за да отстои месото зависи од видот на месото и количината – 1 час за секој килограм тежина, но не подолго од 8 часа и не пократко од половина час.
Кога станува збор за помали парчиња месо, на пример пилешки батаци, времето се смета според просечната тежина на едно парче. Пред готвењето не заборавајте да ја отстраните саламурата од месото.
Ароматични зачини
Кога зачинувате, на пример со бибер или кумин, доколку сакате зачинот целосно да го прекрие јадењето со вкус, потребно е прво да го загреете во тавче, а потоа да го здробите, во аван или толчник, или по можност камен, за да ја задржи аромата.
Обидете да го замените мелениот бибер со цели зрна бибер, здробете ги и потоа додадете ги на јадењето. Ќе забележите дека ова ќе додаде повеќе нијанси на вкус на обичното јадење.
Воздушести колачи и торти
За да подготвите совршено тесто, почитувајте го ова едноставно правило: оставете ги путерот и јајцата прекуноќ на собна температура.
Риба со крцкава кожа
За да добиете убава крцкава кожа на рибата којашто ќе ја печете на скара или ќе ја пржите, премачкајте тенок слој на мајонез преку рибата.
Земете кујнска четка, брцнете го врвот во мајонезот и со брзи потези нанесете го на рибата. Потоа, посолете ја рибата и ставете ја директно на скарата – убавата крцкава кожа е загарантирана.
Дополнително, кога ја пржите рибата користете минимум зачини, посолете само на крајот и попрскајте со лимонов сок.
Стек без масло за готвење
Еден од најпознатите светски готвачи, Ален Дукас, ја откри својата тајна за приготвување на вкусен стек. Кога го пржите стекот прво ставете го свртен на страна на местото каде што е мрсниот дел од стекот. Ова ќе го направи месото повкусно и ќе нема потреба од масло за готвење.
Фино пире од компири
Пред да ги згмечите сварените компири во пире, прво мора внимателно да ги исушите. За да го направите ова, ставете ги на суво жешко тавче сè додека не се исуши водата од нив–важно е при ова да не почне да се пече компирот. Потоа можете да почнете да ги гмечите компирите во вкусно пире.