15 мали тајни на професионалните готвачи кои ќе ги направат вашите јадења деликатесни
Одлична крем супа
Пред да почнете да спремате крем супа од зеленчук, испржете го секој од зеленчуците посебно во тава со растително масло, а потоа додадете вода. Ова ќе ги карамелизира шеќерите во зеленчукот, ќе го нагласи нивниот вкус и ќе ја направи супата повкусна и помиризлива. Истото важи и за супите се разбира.
Највкусни палачинки
Без разлика на рецептот, секогаш додадете неколку супени лажици кисела павлака во тестото за палачинки. Ова функционира во сите случаи, без исклучок, без разлика дали готвите благи или солени палачинки, тие ќе бидат повкусни, а кога ќе ги виткате нема да пукаат.
Шеќерот не е само за блажина
Шеќерот може да биде ист вид на зачин како солта. Додадете еден прстофат сол секогаш кога готвите домати, без разлика дали се свежи, конзервирани или е доматно пире–ова ќе ја отстрани природната киселост и ќе го нагласи вкусот на јадењето.
Најтешкиот рецепт е совршеното пржено јајце
Трите основни компоненти на совршено пржено јајце се: тава со дебели ѕидови, путер и минимална температура. Малку загрејте ја тавата за пржење и додајте половина супена лажица путер–тој треба да се топи бавно, без прскање.
Потоа скршете го јајцето директно во тавата и гответе 4-5 минути. Посолете и почнете со јадење.
Бистар бујон
Бистриот пилешки бујон е база за многу други супи, сосови и останати јадења. За да го направите бујонот да биде проѕирен како стакло, треба да користите пилешко за супата и да го готвите на многу тивок оган без капак, минимум 3 часа и кога ќе дојде до вриење ќе треба навремено да ја отстранувате пената со лажица.
По час до час и половина готвење, додајте ги целерот, пашканатот, морковите и кромидот во бујонот.
Кога правите бујон од говедско или јагнешко, коренестиот зеленчук исечете го на половина и запечете го на суво жешко тавче за да добие црна кора, а потоа ставете го во бујонот–ова ќе му даде на јадењето побогат вкус и боја.
Крцкава корка
Кога печете домашен леб најчест проблем е да добиете убава корка, таа останува премногу бледа, а потоа буквално се скаменува. За да го решите овој проблем ставете во рерната сад со мало количество вода.
Пареата ќе си го направи своето – кората ќе биде убава, крцкава и истовремено не премногу цврста.
Правилно пржен кромид
Ставете ја тавичката на средно јак оган, загрејте ја, додајте путер и растително масло и ставете го исечканиот кромид заедно со солта. Солта ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот мирис, ќе направи кромидот да се зготви побрзо и да се карамелизира, а со тоа ќе добие и малку благ вкус.
Не плашете се од лукот
Од лукот не се плашат само вампирите, се плашат и гостите во рестораните, затоа што мирисот на лук од устата може да ги наруши бизнис состаноците или романтичните вечери.
Доколку го сакате овој зеленчук не плашете се дека ќе го исплашите партнерот со миризбата, наместо да го додадете во јадењето само премачкајте ја тавата за готвење со главица лук. Ова ќе го пренесе вкусот на лукот на јадењето кое се готви, но ќе го избегнете непријатниот мирис.
Бонус: не постојат нелепливи тави
Сте забележале ли дека е многу тешко да се испржи нешто со крцкава кора на модерните тави за пржење?
За ова е виновен нелепливиот слој на тавите. Користете тави со ваков слој само за готвење на кајгана и палачинки. Доколку сакате риба, месо или компири со крцкава кора, купете добро тавче без нелепливо дно и почувствувајте ја разликата.
(О)Милена | Црнобело