Кулинарски трикови кои ги користат искусните готвачи
Оние кои готват често, знаат дека понекогаш престојот во кујната знае да биде пекол – масло кое прска, месо кое постојано излегува изгорено, јајца кои никогаш не се доварени...
За да ви ги олесниме маките во кујна, собравме неколку кулинарски трикови кои ги користат само искусните готвачи.
А, вам многу ќе ви помогнат:
1. Ако сакате подеднакво пржена плескавица, направете дупче во средината.
2. За да пресечете идеално парче торта, држете го ножот неколку секунди под врела вода, па потоа сечете.
3. Брцнете расрпскувач во добро омекнат лимон за да имате инстантен освежувач на салатата.
4. За да го спречите лизгањето на ножот од рака, ставете неколку кујнски ластичиња на дршката.
5. Колку што е потенка кората на лимонот, толку вкусот му е покисел.
6. За да проверите колку е свежо јајцето, обрнете внимание на начинот на кој белката се двои од жолчката.
7. За тортата да не се засуши, на пресечениот дел ставете по едно парче леб и зацврстете со чепкалка.
8. Колку минути ви требаат за меко, а колку за тврдо варено јајце?
9. Зелените лиснати зеленчуци траат подолго ако ги замотате во алуминиумска фолија.
10. Пред да ја загреете пицата, пропрскајте ја со малку обична вода, па потоа потпечете во рерна, на мрсна хартија.
11. Сечете го месото по должина на влакната за да не ви се распадне на парченца.
М. Д. | Црнобело