Лесни трикови за чистење со кои рерната ќе сјае

Чистењето на рерната е една од најздодевните, но и најнапорните домаќински работи во домот. Сигурни сме дека кога би можеле, би го избегнале „рибањето“ кое одзема многу време и енергија.

3-lesni-trikovi-za-chistenje-so-koi-rernata-kje-vi-sjae-01.jpg

Но, некој мора и тоа да го прави, па сакале или не, оваа обврска е неизбежна.

За среќа, постојат лесни трикови за чистење со кои за кратко време и со малку труд, рерната ќе ви сјае.

Чистење со сода бикарбона

Сода бикарбоната е број 1 природно средство за чистење, па логично е дека со неа ја почнуваме листата на трикови. Во еден сад измешајте сода бикарбона, оцет и вода додека да добиете паста. Нанесете ја смесата на најзамастените делови од рерната.

Она што ќе ви остане од смесата ставете го во внатрешниот дел на рерната, вклучете ја на 100 степени 45 минути. Потоа, дамките ќе можете лесно да ги исчистите само со сунѓерче.

3-lesni-trikovi-za-chistenje-so-koi-rernata-kje-vi-sjae-02.jpg

Чистење со сол

Чистењето со сол е уште еден природен начин да ја исчистите рерната. Во загреана рерна истурете обична сол на сите места на кои има дамки и оставете ја да отстои додека не добие кафеава боја. Тоа значи дека ги впила маснотиите.

Остатокот од солта соберете ја со крпа, а рерната само пребришете ја.

3-lesni-trikovi-za-chistenje-so-koi-rernata-kje-vi-sjae-03.jpg

Чистење со прашок за печиво

Истурете прашок за печиво на надворешниот и внатрешниот дел од рерната и испрскајте со малку вода. По 20-ина минути, тврдокорните дамки ќе се претворат во грутчиња кои лесно ќе ги исчистите со обична крпа или сунѓерче.

3-lesni-trikovi-za-chistenje-so-koi-rernata-kje-vi-sjae-04.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg