„Магично чистење“ - Јапонска техника која ќе ви помогне да донесете ред во домот и животот
„Магично чистење“ е книга која научила илјадници луѓе низ светот да ги стават работите во ред, како во нивниот дом, така и во животот.
Преведена е на многу јазици и помага да се ослободите од непотребните работи и да се опколите само со она што навистина ви „го допира“ срцето и ви значи.
Ако сакате и вие да го доведете домот и животот во ред, искористете некоја од техниките кои се спомнуваат во книгата.
Дознајте кои се тие:
Отстранете ги сите непотребни работи еднаш засекогаш
За да го доведете домот во идеален ред, мора да престанете да ги преместувате работите од едно на друго место.
Определете која е потребна количина на работите кои ги имате и сѐ што не ви е потребно фрлете го или подарете го. Така ќе ослободите место за она што мора да го има во домот и што го создава просторот.
Дали ова предизвикува среќа?
Земете сѐ во раце и запрашајте се: „Дали ова ми предизвикува радост?“. Направете го тоа со сите предмети и парчиња облека посебно и оставете го само она кое ќе ви предизвика позитивни емоции.
Опколете се со средина исполнета со работи кои ви даваат доверба, сила и ви одговараат. Ова важи за сѐ – од јакни и здолништа – до книги и слики.
Поделба на категории
Грешката која многумина ја прават при средување на собите е што не ги делат работите по категории и не знаат колкава количина имаат од истото нешто. Соберете ги сите работи од иста категорија на едно место и потоа одлучете што да оставите, а што не.
Вертикално складирање
Основниот принцип на чување и складирање на работите е да ги поставувате работите вертикално за да не ги заборавите. Ако ги ставате едно врз друго нема да знаете што имате. Плус, кога се наредени како на сликата ќе ви траат подолго и ќе ја одржат нивната форма.