„Магично чистење“ - Јапонска техника која ќе ви помогне да донесете ред во домот и животот
Намирници
Главни намирници кои ги користите чувајте ги во светли кутии, тегли и шишиња. Наместо да е сѐ натрупано во една кутија или покриено со кеси и налепници на нив, обидете се сите намирници да се гледаат и да бидат поделени по категории за полесно да можете да ги препознаете и да не настане хаос.
Облека
Најважното нешто при средувањето на облеката е да гледате сѐ што носите во тековната сезона. За ова ви се потребни многу закачалки. Облеката од ист тип и боја ставајте ги на едно место, за да имате прегледност и да не купувате постојано едни исти работи и бои.
По правило, долгите работи треба да се на левата страна, а кратките од десно.
Чанти
Не ги чувајте чантите полни и секогаш кога се враќате дома испразнете ги за да можат да одморат од тежината. Плус, кога чантата ви е полна, потешко ви е да ги префрлате работите во друга, и постојано ја носите истата.
За да ја одржите нивната форма не ги ставајте сите заедно. Набавете си организери како на сликата или доколку имате друго место во плакарот каде можете посебно да ги чувате, искористете го.
Слики
Друга грешка за неред во домот се многуте слики. За да ги запомните важните моменти од животот, доволно е да извадите неколку слики кои ги прикажуваат најважните моменти што засекогаш ќе ви останат спомен.
Плус, обидете се да ги поставите на некој оригинален начин.
Работна околина
Просторот во кој работите, треба да ве мотивира и потсетува на работа. Затоа, секогаш треба да биде добро организиран, среден, ненатрупан и да ги има работите кои ви се потребни во секој момент.
Затоа користете фиоки, папки и висечки папки каде ќе ги чувате документите и другите работи кои ви се потребни. Така бирото ќе биде секогаш слободно.
М. М. | Црнобело