Внимателно со попустите: 7 производи кои не е пожелно да ги купувате на акција

Никогаш не се коцкајте со сопственото здравје, само за да заштедите некој денар повеќе.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-1.jpg

Акциските попусти на производите, кои најчесто се пред истек на рокот на употреба, претставуваат одлична прилика да ги набавите неопходните продукти по значително поевтина цена. Но, за купувањето на одредени артикли, сепак би требало двапати да размислите.

Седумте производи кои не е пожелно да ги купувате на акција се:

1. Храна во надуени конзерви

Конзервираната храна има долг рок на траење, но тоа не значи дека не може да се расипе и пред неговиот истек. Доколку забележите надуена конзерва, не ја купувајте.

Голема е веројатноста дека се надула поради бактеријата Clostridium botulinum, која предизвикува ботулизам, опасно труење што може да има фатални последици.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-2.jpg

2. Душеци

Можеби ви се чини паметна идејата да купите скапо парче за спалната соба на голем попуст, но запрашајте се зошто производот е со намалена цена? Можеби, трговецот сака да се ослободи од душекот кој има некаква грешка, или, пак, лошо е направен.

Пред да го купите, проверете го внимателно, бидејќи на него ќе спиете со години.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-3.jpg

3. Храна за бебиња

Колку е поблизу изминувањето на рокот на траење на некој прехранбен производ, толку е помала и неговата хранлива вредност. А, храната за бебиња во прав е безбедна за купување, но е оскудна од нутриционистички аспект, доколку производот е пред истек на рокот на траење.

Притоа, сетете се дека со неа ќе ги храните своите малечки.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-4.jpg

4. Витамински суплементи

Консумирањето таблети со витамински суплементи пред истек на рокот на траење, не би требало да ви наштети, но нивната вредност се намалува, со оглед на количината на време која ја поминале на полица во продавницата.

Размислете дали ви се исплати да заштедите пари при купувањето на овие додатоци во исхраната, ако морате набрзина да ги испиете, само за да ги потрошите во посакуваниот рок.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-5.jpg

5. Кујнски зачини

Повеќето суви зачини би требало да се менуваат еднаш годишно. Доколку ги чувате подолго од предвиденото, голема е веројатноста дека ќе го загубат својот вкус.

Затоа, избегнувајте го овој тип на производи при големите акциски намалувања, ако истите се пред истек на рокот на траење.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-6.jpg

6. Презервативи

Дали навистина сакате да го доведете своето здравје во прашање, купувајќи и користејќи презервативи кои од непознати причини се ставени на голем попуст?

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-7.jpg

7. Шминка

Нанесувањето шминка со изминат рок, може да предизвика алергиски реакциии на лицето. А, особено доколку станува збор за природни производи, кои имаат пократок рок на траење.

Поради тоа, проверете добро за што точно се работи, пред омилениот кармин да го ставите во кошничката.

vnimatelno-so-popustite-7-proizvodi-koi-ne-e-pozhelno-da-gi-kupuvate-na-akcija-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Цвеќарски трикови за природните букети да ви траат подолго и да изгледаат раскошно Знаевте ли дека букетот со свежо цвеќе оставен во близина на чинија со овошје ќе...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Чести грешки со кои сами ги уништуваме апаратите во домот Ставате многу прашок во машината за перење и не ја истурате водата од пеглата ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg