Не се мачете: 8 „трикови“ кои не успеваат и со кои само ќе го губите времето
Брзите и едноставни трикови кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи можат навистина да ни помогнат побрзо да завршуваме одредени здодевни секојдневни задачи, навики...
И додека некои навистина се корисни, други едноставно не вреди да се обидувате да ги пробате, бидејќи не функционираат.
Како на пример, овие 8 трикови:
Сендвичи со топено сирење во тостер за печен леб
Според легендата: За да добиете одличен топол сендвич со топен кашкавал на него, сè што треба да направите е да го свртите тостерот хоризонтално и кашкавалот совршено ќе се растопи на него.
Во реалноста: Со вртење на тостерот во неприродна положба ризикувате пожар, плус кашкавалот може да се растопи насекаде во тостерот и да не можете да го исчистите, односно практично, да треба да го фрлите во канта за отпадоци.
Шајка наместо отворач за да отворите вино
Според легендата: Шајката може да функционира подеднакво добро за вадење на тапа од вино исто како и отворачот за вино.
Во реалноста: Трикот може да функционира само ако ставите повеќе шајки.
Батериите подолго траат, ако ги чувате во фрижидер
Според легендата: Животот на батериите го продолжувате, ако ги чувате во фрижидер
Во реалноста: Ова има спротивен ефект, односно студената средина го крати животот на батериите.
Палачинки од шише
Според легендата: Палачинките можете совршено кружни да ги направите со помош на шише.
Во реалноста: Ќе треба подолго и посилно да го притискате шишето со што, еден ден од палачинката ќе почне да гори, а другиот ќе остане непечен.
Картони од тоалетна хартија за посилен звук од телефонот
Според легендата: Картоните функционираат како одлични звучници.
Во реалноста: Овој трик може да функционира само ако употребувате голема керамичка шолја како засилувач.
Тениско топче наместо клучеви
Според легендата: Ако го заборавите клучот во автомобилот, ви треба тениско топче да го вшмука целиот воздух од бравата и вратата да се отвори.
Во реалноста: Овој трик, едноставно е нелогичен.
Бананите се осветлуваат со фен
Според легендата: Ако бананите почнуваат да потемнуваат, можете да ги сушите со фен и да се вратат во првобитната состојба.
Во реалноста: Можете да ја исушите бананата, ама никогаш нема да направите повторно да биде само жолта.
Монети во саксија за цвеќе
Според легендата: Бакарните монети спречуваат да се појават габи и бактерии во саксијата.
Во реалноста: Ова може да функционира само ако станува збор за многу стари монети.
Н. Г. | Црнобело