Домашни средства за чистење кои никако не смеете да ги мешате
Луѓето имаат погрешно мислење дека доколку измешате неколку средства за чистење ќе добиете подобри резултати.
Вистината е дека мешањето на одредени средства може да биде многу опасно, бидејќи комбинацијата која ќе ја направите може да создаде неочекувани хемиски реакции кои може да бидат штетни за вашето здравје.
Ова се дел од комбинациите кои треба да ги избегнувате:
1. Средство за избелување и алкохол
Комбинирањето на овие хемиски производи создава хлороформ и хидрохлорна киселина. Тие може да предизвикаат оштетување на нервниот систем, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, очите и кожата.
2. Средство за избелување и амонијак
Ваквата комбинација е особено опасна за здравјето, бидејќи произведува токсични гасови кои го оштетуваат респираторниот систем. Високите концентрации на амонијак и хлорамин, предизвикуваат опасна експлозивна супстанција.
3. Средство за избелување и оцетна киселина
Додавањето на слаба киселина во средство за избелувањето создава токсични гасови кои може да резултираат со сериозни хемиски изгореници на очите и оштетување на белите дробови.
4. Средство за избелување и други производи за чистење
Средствата за чистење на стакло, тоалет и лавабо никогаш не треба да се мешаат со средство за избелување, бидејќи се создава гасот хлорин. Дури и минималната изложеност на овој гас може да доведе со проблеми со очите и дишните патишта.
5. Сода бикарбона и оцетна киселина
Оцетот е киселина, а содата слаба база, а ако ги измешате тие ќе се неутрализираат, создавајќи главно вода и правејќи го растворот практично неупотреблив. Но, најопасната работа е што нивното комбинирање може да предизвика експлозија ако ги измешате во затворен сад.
6. Оцетна киселина и хидроген пероксид
Кога ќе се стават овие два производи заедно во сад тие создаваат пероцетна киселина, која во високи концентрации, може да ја иритира, па дури и да ја оштети вашата кожа, очи, грло, нос и белите дробови.
7. Производи за чистење од различни брендови
Никогаш не знаете дали мешањето на два производи ќе даде подобри резултати. Не можете да ги знаете нивните формули и како ќе реагираат доколку ги измешате.
Затоа кога чистите водете сметка за следново:
- Чувајте ги производите за чистење во нивните оригинални пакувања со оригинални етикети.
- Престанете да користите или намалете го користењето на средство за избелување и амонијак во домот.
- Доколку користите средство за избелување и амонијак убаво исплакнете со вода после тоа.
- Никогаш не мешајте средство за избелување со други производи за чистење.
- Држете се до стандардите за безбедност и секогаш следете ги упатствата за употреба.
- Чувајте ги сите средства за чистење подалеку од дофат на деца.
М. С. | Црнобело