7 работи кои треба да ги чистите секој ден

Чистењето, за најголемиот дел од луѓето е обврска која со голема желба би ја прескокнале или замениле.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-01

Сепак, секогаш треба да имаме на ум дека тоа е од суштинско значење за нашето здравје и здравјето на нашето семејство.

Тоа во никој случај не значи дека треба постојано да бидете со крпата за прашина во рака.

Но, треба да разберете дека едноставно постојат работи кои може да се чистат еднаш/двапати неделно, но дека постојат и работи кои е потребно да ги чистите секој ден.

Како на пример следните:

1. Крпите во кујната

Иако на прв поглед воопшто не ви изгледаат нечисто, тие се извор на огромен број бактерии, бидејќи често се користат. Доволно е да ги менувате на неколку дена доколку имате помало семејство, но ако тоа брои повеќе членови, тогаш се препорачува секојдневно менување.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-02

2. Работната маса

Ако добро размислите што сè ставате врз неа (клучевите, кесите од супермаркет, чантата...), ќе сфатите дека таа е навистина нечиста. Токму затоа е препорачливо да ја бришете и дезинфицирате секој ден.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-03

3. Ѕидовите во туш кабината

Чистењето и сушењето на ѕидовите по секое туширање ќе го спречи создавањето на дамки од мувла врз плочките.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-04

4. Лавабото

Ако мислевте дека по миењето на рацете или чиниите, лавабото е сосема чисто, тогаш живеете во голема заблуда. За правилно чистење и дезинфекција, можете да користите некое од хемиските средства кои се наменети за тоа или обично белило кое ќе го оставите да отстои неколку минути, а потоа ќе го исплакнете со чиста вода.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-05

5. Нечисти чинии

Ако имате навика да ги оставате чиниите преку ноќ, тогаш треба да имате на ум дека остатоците се одличен начин за привлекување инсекти. А, освен тоа, следниот ден ќе имате навистина голем проблем да ја исчистите целата таа залепена и стврдната храна врз чиниите.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-06

6. Машината за кафе

Бидејќи постојано се полни со топла вода, големи се шансите за размножување на бактерии и мувла, затоа редовно мијте ги и дезинфицирајте ги деловите кои се расклопуваат.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-07

7. Кујнскиот под

Да бидеме реални - доколку сте готвеле, големи се шансите да ви прснало нешто на подот, па без да забележите тоа да го разнесете низ целиот дом. Токму затоа, чистењето на кујнскиот под е нешто кое треба да биде ваша секојдневна навика.

7-raboti-koi-treba-da-gi-cistite-sekoj-den-08

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg