8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење
Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе завршите со нешто, веднаш измијте го.
По готвењето, секогаш доаѓа најтешкиот дел – чистењето на кујната.
Ако честопати се одвраќате од идејата да зготвите нешто, особено покомплициран рецепт бидејќи ви се „смрачува“ од хаосот што ќе го направите, тогаш треба да научите неколку трикови.
За да не поминете уште еден час чистејќи ја кујната откако ќе завршите со готвење, препорачливо е добро да се припремите однапред, но и да чистите додека готвите.
Неколку трикови што ќе ви се најдат:
Однапред подгответе ја кујната
Испразнете ја машината за садови, исчистете го мијалникот и избришете ја работната маса.
Средете го сето ова уште пред да почнете со готвење за да направите хаос во кујната, и да не бидете под стрес во последен момент да ја миете тавата што ви треба.
Подгответе сад за киснење на приборот за готвење
За да не извалкате куп лажици за мешање, маталки и слично, подгответе си сад за киснење.
Во садот ставете вода и средство за садови, па штом ќе завршите со некој прибор, веднаш ставете го во садот. Ако повторно ви притреба, ќе биде доволно само да го заплакнете.
Ако не го користите повторно за истиот рецепт, тогаш многу полесно ќе го измиете штом веднаш сте го ставиле во вода.
Но, ова не важи за приборот што го користите за сечење и подготовка на живо место – поради бактериите, ќе треба темелно да го измиете пред повторно да го употребите.
Однапред извадете ги сите садови и прибор што ќе ви требаат
Тава, тенџере, нож, лажица, даска за сечење, хартиени бришачи – однапред извадете сè што ќе ви биде потребно за готвење.
Важно е и да го спречите ширењето на бактерии ако приготвувате месо. За таа цел, имајте посебна даска и посебен нож за живото место.
Извадете сад (или кеса) за ѓубре
За да не ја отворате корпата за отпадоци стопати, до вас ставете сад или кеса во која ќе фрлате лушпи и слично.
Потоа сè наеднаш фрлете во корпата за отпадоци.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





