8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето
Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чистите по секое користење.
Некои детали во ентериерот изгледаат навистина стилски, но во реалноста не се најпрактични.
Обично причината е тоа што се тешки за чистење и одржување.
Осум вакви детали кои е најдобро да ги избегнувате:
Црна чешма
Црната боја е најлошиот избор за чешма, особено ако живеете на место каде што има бигор.
Ќе треба да ја пребришувате по секое користење бидејќи не неа ќе се познаваат најмалите дамки.
Многу подобри се чешмите со сребрена боја, но најдобри се оние со мат нијанса бидејќи на нив бигорот се познава најмалку.
Ѕид со (лажни) тули
Ако размислувате за ваков ѕид, не заборавајте дека на секоја празнина помеѓу тулите, ќе се собира прашина.
И, вие ќе треба да ја чистите.
Мали текстурирани плочки во кујната
Во кујната е најдобро да ставите мазни плочки, и тоа што е можно поголеми.
Шкафчиња во кујната кои не достигнуваат до таванот
Воопшто нема потреба да оставате простор помеѓу шкафчињата и таванот.
Ако планирате да го користите просторот за складирање, многу подобро е да биде затворен.
Ако ставите нешто над шкафчињата, ќе треба често да го чистите. А, дури и да не ставите ништо, само непотребно ќе се собира прашина.