8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари)
Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли, и најевтината полица во ходникот ќе направи голема разлика. Кои други трикови ќе ви го направат домот посреден и организиран?
Можеби минималистичкиот начин на живот не е за секого, но дефинитивно има многу работи што можеме да ги примениме.
Со овие трикови не само што ќе го намалите хаосот во домот, туку ќе заштедите пари, но и ќе го намалите отпадот.
Осум совети од минималистите за среден дом:
Користете стаклени садови за храна наместо пластични
Вреди да вложите во стаклени садови за складирање храна од неколку причини – издржливи се, на нив нема да ви остануваат дамки (како од сос од домати), а и се поеколошки.
Можете да ги миете во машина за садови, а можете да ги користите и во микробранова печка (доколку на нив пишува дека може).
И, нема да го трупате домот со пластични кутии од сладолед и што уште не, што ги чувате „за секој случај“.
Не купувајте кујнски апарати со една намена
Кујнските апарати кои имаат само една намена, како апарат за правење јајца или леб, тешко дека ќе ги искористите повеќе од еднаш (или неколкупати додека ви е мерак на почеток).
А, и не се неопходни бидејќи за скоро сè можете да користите шпорет или рерна (или микробранова или апарат за готвење на топол воздух).
Секако, ако на пример правите леб секој ден, тогаш би ви се нашол апарат за тоа.
Но, освен ако не сте потполно сигурни дека ќе го користите редовно, не фрлајте пари и не ја трупајте кујната.
Вложете во полица за чевли
Ако во ходникот немате доволно голем плакар за сите чевли и ако не сте во можност да купите поголем, тогаш купете евтина полица за чевли.
Дури и најевтината ќе направи разлика и ходникот ќе ви изгледа многу посредено.
Ослободете се од садовите што не ви требаат
Ако живеете само со партнерот или сте најмногу четворица, тогаш сигурно не ви требаат 50 чинии или шолји и чаши.
Ако размислите, и самите ќе сфатите дека поголемиот дел ги немате употребено со години.
Садовите што се скршени можете да ги фрлите, а оние што само ви собираат прашина, можете да ги подарите.