Цвеќарски трикови за природните букети да ви траат подолго и да изгледаат раскошно

Знаевте ли дека букетот со свежо цвеќе оставен во близина на чинија со овошје ќе овене побрзо? А дека пред да го ставите букетот во вазна, треба да направите неопходни подготовки? Oткриваме цвеќарски трикови за свежиот букет да ви трае подолго.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-01.jpg

Сите знаеме дека свежиот букет цвеќе може да донесе неверојатна свежина со секој простор, но за да ви трае подолго постојат некои трикови со коишто може да се послужите, а ги користат цвеќарите.

Кога ќе го купите цвеќето или кога ќе го добиете на подарок, треба да ги следите следниве правила:

Пред да ги ставите цвеќињата, измијте ја убаво вазната за да ги отстраните бактериите.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-02.jpg

Отстранете ја фолијата што треба да биде потопена во водата во вазната и отстранете ги цветовите и ливчињата што ќе бидат потопени за да спречите брз развој на бактерии.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-20.jpg

Стеблата засекувајте ги под агол од 45 степени, а ако стеблото е цврсто како дрво, добро е да го засечете на средината за да му го олесните пробивот на вода.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-04.jpg

Немојте да ги чувате цвеќињата во близина на овошје, затоа што тоа испушта етилен, кој предизвикува брзо овенување на цвеќињата.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-05.jpg

Цвеќињата, особено розите, може да заболат од болест која се манифестира со кафеави дамки на листовите. Ако забележите таков цвет, потребно е веднаш да го отстраните, за да не ги зарази и другите.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-21.jpg

Погрижете се стеблата на цвеќињата да бидат наместени правилно, не дозволувајте стебленцата да бидат натрупани едно врз друго.

trikovi-za-svezhite-buketi-da-vi-izgledaat-svezho-vo-domot-i-na-fotkite-spored-cvekjari-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg