Трикови за чистење на домот од ТикТок кои функционираат (видео)

Чистење венецијанер ролетни

Исечете сунѓер на половина и ставете по едно парче на штипка за храна, па само исчистете ги ролетните.

@jillcomesclean

Best life hack for cleaning blinds! #lifehacks #cleantok #cleanwithme #trythis #cleaninghacks #lifehack

♬ The Hustle - Van McCoy

Чистење тапациран мебел

Во жешка вода ставете капсула за перење облека и оставете ја да се раствори.

Потоа, завиткајте капак од тенџере со чиста крпа, малку натопете ја во водата со детергент и поминете врз тапацираниот мебел.

@cleaningwithgabie

Because I'm obsessed with this cleaning hack 💙 #cleaninghacks #cleaninghack #cleantok #testinghacks #cleaningmotivation #cleaningwithgabie #CapCut @Gabie • Cleantok & Hacks

♬ UNHOLY X TOXIC BY ALTÉGO - ALTÉGO

Совет за побрзо чистење на домот

Ова не е трик, туку совет за како да си го организирате времето за самото чистење да ви биде полесно.

За секој дел од домот што треба да го чистите одвојте по 15 минути и наместете тајмер.

На пример, пуштете го тајмерот и почнете да ја средувате кујната. Откако ќе поминат 15 минути, преминете на друг дел од домот.

15-тина минути се сосема доволно да се справите со нередот во една просторија.

Секако, за темелно чистење на домот ќе ви треба повеќе време.

@domesticblisters

Have you ever done timed cleaning? Does it work for you? #strugglecare #mentalhealth #YasClean #adhd

♬ LITTLE MO' BETTA - David Davis

Лесно чистење рерна

Овој трик ќе функционира само ако рерната не е премногу валкана.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во огноотпорен сад ставете вода и додајте еден исечен лимон. Можете и да исцедите малку сок до лимонот во водата.

Потоа ставете го садот во рерната и оставете го 20-тина минути додека е вклучена.

Исклучете ја рерната, почекајте малку да се излади, па пребришете ја со водата со лимон, и на крај со чиста крпа.

@yagmuronerr

this just saved my life 🤝🏼 natural oven cleaning hack 🍋 i will also clean my airfryer& microwave with this way #cleaninghacks #cleaninghack #cleaninghacksforyou #cleaninghacksthatwork #cleaninghacks101 #cleaningasmr #cleaningtips #cleaningszn #cleantok #cleaningtiktok #cleaninghacks #cleanfreshhype #cleanwithmemotivation #cleanmotivation #cleaningmotivation #torontocontentcreator #torontocontentcreators #torontotiktok #submarine #titanic

♬ Ultimate life hacks - The Life Bath

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg