Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни)
Го чистите тепихот со чистач на пареа
Никако немојте да го чистите тепихот со чистач за пареа.
Овие апарати создаваат влага и ако тепихот не се исуши, може да се појави и мувла.
Не е препорачливо да го користите ни за дрвени подови.
Од друга страна, чистачот на пареа е одличен за плочки, плотни и слично.
Го чистите целиот дом со иста крпа
На овој начин само ги разнесувате бактериите од едно на друго место, без разлика што користите средства.
Препорачливо е за секоја површина да употребите различна крпа.
Мешате средства за чистење
Ова е можеби најлошата грешка што можете да ја направите.
Освен ако не сте експерт по хемија, никако не мешајте средства.
Некои комбинации можат да создадат опасни и штетни гасови кои дефинитивно ќе ви наштетат.
Не го чистите филтерот на правосмукалката
Кога филтерот не е исчистен, правосмукалката не чисти како што треба.
Покрај тоа, се загрева повеќе, па постои ризик да ја расипете.
Не ги разредувате концентрираните средства
Доколу на средството пишува да го разредите со вода, следете го упатството.
Во спротивно, нема да исчистите подобро, туку ќе ви останат дамки од средството.
Спирова С. | Црнобело