Лицето после 10 години цигари и алкохол (фото)
Какво лице би можеле да имате во наредните 10 години? Зависи од тоа дали пушите, пиете или прекумерно консумирате слатки. Сето ова ќе остави трага.
Фасцинантниот експеримент на списанието "Marie Claire", овозможи да ги видиме последиците од 10 годишно пиење алкохол, пушење и претерување со слатки.
Резултатите не се сјајни туку напротив- предупредувачки за жените кои мислат дека кутија цигари, две чаши вино или пиво или по некое колаче не оставаат премногу траги на лицето.
1. Алкохол. Ги шири крвните садови, лицето е поцрвено, а како недостиг на Витамин А и борите се повоочливи.
2. Пушење. Го уништува колагенот и се намалува еластичноста. Лошата циркулација води кон зголемени и темни подочници.
3. Шеќер. Кожата на љубителите на слатки може да стане сивкаста и тенка, затоа што заради недостиг на протеини во надворешните слоеви кожата станува потенка и се лупи.