Станување рано - рецепт за среќа, виткост и здравје
Доцното легнување и доцна станување му штетат на човековото здравје и ја загрозуваат неговата среќа, открива студијата на Универзитетот Рехамптон.
Оние што стануваат пред седум часот во работен ден и за викенд покажуваат најмалку знаци на депресија, често појадуваат и редовно вежбаат па се и повитки.
Околу 13% од 1100 испитаници се ранобудници кои и за време на викендот стануваат околу седум часот, 6% од испитаниците стануваат околу 9 часот наутро и уште подоцна за време на викенд, додека останатите 81% се некаде помеѓу овие две групи.
Оние што стануваат порано имаат најмалку здравствени проблеми и знаци на депресија.
Исто така тие почесто појадуваат и поредовно вежбаат, што е поврзано со нивната добра кондиција и помала телесна маса, заклучуваат истражувачите. Попладневниот сон според истражувањата нема влијание на среќата, линијата и здравјето на луѓето.
Добрите страни на станувањето рано се очигледни. Тие разлики се поврзуваат со полошиот квалитет на сон кај оние што подоцна си легнуваат – вели истражувачот Јорг Хубер.
Каков е вашиот биоритам?