Труење со вода, главоболка – што ќе се случи ако претерате со пиење вода?

Ако претерате со пиењето вода, можете да почувствувате неколку симптоми, вклучувајќи главоболка, проблеми со видот, па дури и напад сличен на епилепсија.

truenje-so-voda-glavobolka-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-pienje-voda-01.jpg

Само затоа што треба да пиеме вода, не значи дека можеме и да претераме. Мажите, во просек, би требало да испијат до 3,7 литри вода дневно, додека жените околу 2,7. И, препорачливо е да не се надминува ова количество.

Сепак, количеството вода што треба да го испиете зависи и од вашата килажа, како и од физичката активност

Ако, на пример, сте жена која е пониска и послаба, а не сте многу физички активни, можеби и нема да ви требаат 2,7 литри вода дневно.

Веројатно досега ги знаете последиците од недоволното пиење вода и дехидратацијата. Но, знаете ли што се случува кога ќе претерате со пиењето вода?

Во продолжение неколку симптоми кои можат да се појават во овој случај:

Труење со вода

Ако претерате со пиење вода, може да добиете таканаречено труење со вода.

Нашите бубрези можат да филтрираат од 20 до 28 литри вода секој ден и само околу 1 литар во период од еден час.

Па, ако испиете три, четири литри во период од еден или два часа, бубрезите ќе бидат преоптоварени и ќе почнат да се јавуваат симптомите.

Во овој случај ќе забележите и промена во урината - наместо да има жолта нијанса, ќе биде безбојна. 

truenje-so-voda-glavobolka-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-pienje-voda-02 (1).jpg

Отекување на мозокот

Поради вишокот вода, клетките во телото ќе почнат да отекуваат. Овде спаѓаат и мозочните клетки.

Од отекувањето, клетките во мозокот се зголемуваат и почнуваат да создаваат притисок на черепот.

А, овој притисок може да предизвика и оштетување на мозокот.

truenje-so-voda-glavobolka-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-pienje-voda-03.jpg

Главоболка

Поради притисокот од клетките што го спомнавме погоре, можно е да почнете да чувствувате главоболка.

truenje-so-voda-glavobolka-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-pienje-voda-04.jpg

Напад сличен на епилепсија

Во поретки случаи, отекувањето на мозокот може да предизвика и напади слични на епилепсија.

truenje-so-voda-glavobolka-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-pienje-voda-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg