Труење со вода, главоболка – што ќе се случи ако претерате со пиење вода?
Проблеми со видот
Поради отекувањето на мозокот, можно е да почувствувате и проблеми со видот.
Можно е да се јави замаглен вид, двојно гледање и слично.
Замор
Пиењето многу вода ги преоптоварува бубрезите бидејќи тие се обидуваат да се ослободат од вишокот.
Ова, пак, создава хормонална реакција која прави да се чувствувате уморно.
Намалено ниво на натриум во организмот
Кога во телото има премногу вода, ќе почне да се разредува нивото на натриум во крвта. А, токму ова почнува да го предизвикува отекувањето на клетките низ целото тело.
Постојано одење во тоалет
Ова е веќе очигледна последица – ако претерате со пиењето вода, постојано ќе чувствувате потреба да одите во тоалет.
Ова може да биде и еден од првите симптоми дека сте претерале.
Во просек, луѓето одат од 6 до 10 пати во тоалет во период од 24 часа.
Ако одите многу почесто, препорачливо е да намалите со пиењето вода пред да почувствувате и други негативни симптоми.
Како да ги избегнете последиците?
Ако имате навика да пиете премногу вода, пробајте да се воздржувате, односно да пиете само кога ќе почувствувате жед.
Исто така, обрнете внимание на бојата на урината – ако е безбојна, тоа е знак дека во вашето тело има доволно вода, па извесен период немојте да пиете.
Ако ве очекува напорен тренинг и постои ризик да испиете многу вода, подобро пијте некој спортски пијалак богат со електролити.
За да бидете сигурни дека нема да претерате, ограничете го внесот на вода.
Спирова С. | Црнобело