Труење со вода, главоболка – што ќе се случи ако претерате со пиење вода?
Ако претерате со пиењето вода, можете да почувствувате неколку симптоми, вклучувајќи главоболка, проблеми со видот, па дури и напад сличен на епилепсија.
Само затоа што треба да пиеме вода, не значи дека можеме и да претераме. Мажите, во просек, би требало да испијат до 3,7 литри вода дневно, додека жените околу 2,7. И, препорачливо е да не се надминува ова количество.
Сепак, количеството вода што треба да го испиете зависи и од вашата килажа, како и од физичката активност.
Ако, на пример, сте жена која е пониска и послаба, а не сте многу физички активни, можеби и нема да ви требаат 2,7 литри вода дневно.
Веројатно досега ги знаете последиците од недоволното пиење вода и дехидратацијата. Но, знаете ли што се случува кога ќе претерате со пиењето вода?
Во продолжение неколку симптоми кои можат да се појават во овој случај:
Труење со вода
Ако претерате со пиење вода, може да добиете таканаречено труење со вода.
Нашите бубрези можат да филтрираат од 20 до 28 литри вода секој ден и само околу 1 литар во период од еден час.
Па, ако испиете три, четири литри во период од еден или два часа, бубрезите ќе бидат преоптоварени и ќе почнат да се јавуваат симптомите.
Во овој случај ќе забележите и промена во урината - наместо да има жолта нијанса, ќе биде безбојна.
Отекување на мозокот
Поради вишокот вода, клетките во телото ќе почнат да отекуваат. Овде спаѓаат и мозочните клетки.
Од отекувањето, клетките во мозокот се зголемуваат и почнуваат да создаваат притисок на черепот.
А, овој притисок може да предизвика и оштетување на мозокот.
Главоболка
Поради притисокот од клетките што го спомнавме погоре, можно е да почнете да чувствувате главоболка.
Напад сличен на епилепсија
Во поретки случаи, отекувањето на мозокот може да предизвика и напади слични на епилепсија.