Јадењето чоколадо предизвикува акни и уште 7 митови за акните
Мит 5: Шминката предизвикува акни
Ова е делумно вистина.
Обично акните настануваат поради внатрешен проблем, како хормонална нерамнотежа. Што значи, мала е веројатноста самата шминка да ви предизвика акни.
Но, ако не ја отстранувате шминката и спиете со неа, сосема возможно е да си ја влошите состојбата на кожата.
Исто така, бидејќи сечија кожа е различна, некои прдукти можат да предизвикаат иритација кај некои личности.
Слободно можете да користите шминка и со акни, само потрудете се да најдете продукти кои ѝ годат на вашата кожа и откако ќе си дојдете дома, задолжително отстранете ја.
Мит 6: Акните за време на бременост се сосема различен вид
И ова е само мит бидејќи акните во бременоста се предизвикани од хормоналните промени во женското тело.
Овие промени го поттикнуваат лачењето природни масла на кожата, кои можат да ги затнат порите и да предизвикаат акни.
Не можете да предвидите дали ќе имате акни во бременоста, но изложени сте на поголем ризик ако некогаш во животот сте имале проблем со акни.
Мит 7: Кремовите со заштитен фактор предизвикуваат акни
Кремовите со висок заштитен фактор обично се погусти и разбирливо е ако мислите дека ќе ви предизвикаат акни.
Всушност, некогаш овие кремови можат да ѝ годат на проблематичната кожа бидејќи ја штитат од сушење, а имаат и други корисни состојки.
Ако мислите дека кремот со заштитен фактор ви предизвиквуа акни, денес постојат многу продукти за проблематична кожа и со малку истражување сигурно ќе го најдете вистинскиот за вас.
Мит 8: Мрсната храна предизвикува акни
Самата храна тешко дека може да предизвика појава на акни.
Потребни се дополнителни истражувања на оваа тема и се верува дека некои намирници можеби можат да ја влошат состојбата, но нема конкретен доказ дека ќе предизвикаат акни кај личност која нема проблеми со кожата.
Најдобро е да настојувате да се храните здраво и да пиете многу течности, а одвреме-навреме пробајте нешто од што се воздржувате.
Додека сте умерени, не би требало да има никакви последици.
Ако ви се појавиле акни по 25-тата година од животот, најдобро е да се консултирате со дерматолог кој ќе ви помогне да ја утврдите причината за нивната појава и ќе може да ви даде соодветна терапија.
Спирова С. | Црнобело