„Ми отрпнаа рацете и нозете, не можев да одам“: Зошто е важно да внесувате доволно витамин Б12 и кои се симптомите за недостаток?
Која е функцијата на витамин Б12 и од каде треба да го внесуваме?
Витаминот Б12 има важна улога во формирањето на црвените крвни зрнца, спречувањето на анемијата, функцијата на нервите, како и производството на ДНК.
Овој витамин има и важна улога во развојот на мозочните и нервните клетки.
Витаминот Б12 го има во месни производи, риба и млечни производи.
Денес постојат и многу продукти со додаден витамин Б12, како житарици и растителни млека.
Исто така, постојат и додатоци во исхраната со витамин Б12, но пред да ги пиете, препорачливо е да се консултирате со лекар.
Кои се симптомите на недостаток од витамин Б12?
Покрај симптомите што ги почувствувала девојката, постојат и други знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Б12:
- Слабост, замор или зашеметеност
- Неправилно чукање на срцето и испрекинато дишење
- Бледа кожа
- Многу мазен јазик
- Констипација, дијареја, гасови во стомакот и намален апетит
- Проблеми со нервите кои се карактеризираат како трпнење, мускулна слабост, проблеми со движењето
- Проблеми со видот
- Проблеми со менталното здравје, како депресија, губење на сеќавањето или ненадејни промени во однесувањето.
Зошто и како настанува недостатокот од витамин Б12 и кој е изложен на поголем ризик?
Постојат неколку причини зошто се јавува овој недостаток:
Пернициозна анемија: Вид нарушување поради кое телото не може да го апсорбира витаминот Б12 од храната што се консумира.
Недоволно внесување на витамин Б12: Иако ова е ретко бидејќи месните и млечните производи се дел од исхрана на повеќето луѓе, може да се појави кај лица кои се вегани или вегетаријанци.
Лекови: Некои лекови можат да имаат влијание врз апсорбирањето на витаминот Б12 во организмот. Но, доколку треба да пиете вакви лекови, вашиот лекар ќе ви каже што да правите за да го избегнете овој несакан ефект.
Веќе спомнавме дека недостатокот до витамин Б12 може да се јави кај вегани и вегетаријанци, што значи тие се изложени на најголем ризик.
Исто така, недостатокот од витамин Б12 е почеста појава кај повозрасни лица, постари од 65 години.
Ако спаѓате во овие категории, одвреме-навреме проверувајте го нивото на витамин Б12.
Како се лекува недостатокот од витамин Б12 и може ли да се спречи?
Во повеќето случаи лекарот може да ви препише инјекции или додатоци во исхраната со витамин Б12, во зависност од причината.
Односно, ако имате пернициозна анемија, поверојатно е прво да ви препишат инјекции, а потоа да продолжите со суплементи.
Ако причината е начинот на исхрана, тогаш најверојатно ќе ве советуваат да пиете само суплементи.
Некои луѓе ќе мораат целиот живот да ги примаат овие терапии.
Повеќето луѓе можат да ја спречат појавата на недостаток од витамин Б12 со внесување повеќе храна како месо, риба и млечни продукти.
Ако сте вегани или вегетаријанци, можете да го спречите овој проблем со консумирање продукти во кои има додадено витамин Б12.
Можете да земате и суплементи, но овој случај задолжително консултирајте се со лекар кој ќе ви помогне да ја одредите точната доза за вас.
Спирова С. | Црнобело