8 лаги за депресијата и анксиозноста во кои треба да престанеме да веруваме

Воопшто не е точно дека депресијата и анксиозноста не можат да се појават кај деца и тинејџери. Ова е мит кој само ги банализира нивните проблеми и не им дозволува да ја добијат соодветната помош.

8-lagi-za-depresijata-i-anksioznosta-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-01.jpg

Се чини дека проблемите со менталното здравје се поприсутни од кога било.

Депресијата и анксиозноста станаа болести на модерното време и ги гледаме сè почесто.

Но и покрај ова, сè уште постојат многу лаги и митови за депресијата и анксиозноста кои поттикнуваат дискриминација на луѓето кои страдаат од нив, но и ги одвлекуваат од намерата да побараат помош.

Кои се митовите и лагите во кои е време да престанеме да веруваме?

Мит 1: Депресијата и другите проблеми со менталното здравје се заразни

Не постои вирус или бактерија што предизвикува депресија, што значи овие нарушувања не се воопшто заразни.

Точно е дека ако ваша блиска личност страда од депресија, вие ќе бидете загрижени и тажни за неа, но тоа не значи дека сте се заразиле со нејзината депресија.

Депресијата и анксиозноста се јавуваат од разни фактори, како лоша животна ситуација, но не можат да бидат заразни.

8-lagi-za-depresijata-i-anksioznosta-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-07.jpg

Мит 2: Луѓето со депресија и анксиозност треба само да размислуваат позитивно

Важно е да направите разлика помеѓу повремени негативни емоции и депресија или анксиозност.

Негативните емоции се сосема нормална појава и одвреме-навреме ги имаме сите.

Депресијата, од друга страна предизвикува чувства како безнадежност, рамнодушност и слично, кои не можат да се отстранат само со позитивно размислување.

Анксиозноста, пак, предизвикува чувство на страв без никаква причина и во овој случај позитивното размислување не може да биде од никаква помош.

Односно, не залудно за третирање на овие нарушувања секогаш е потребна професионална помош.

8-lagi-za-depresijata-i-anksioznosta-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-08.jpg

Мит 3: Штом ќе почнете со терапија, проблемите ќе исчезнат

Постојат разни третмани за анксиозност и депресија, вклучувајќи разговори со професионалец и терапија со лекови.

Но, важно е да знаете дека ова е процес што трае. Не можете да очекувате по првата посета на психијатар да се чувствувате подобро.

Ако пиете лекови (исклучиво препишани од лекар), ќе помине време пред тие да почнат да делуваат.

Ако разговарате со професионалец, ќе биде потребно време додека да се утврди коренот на вашите проблеми со менталното здравје, па дури потоа да се работи на нив.

8-lagi-za-depresijata-i-anksioznosta-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-09.jpg

Мит 4: Луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје се агресивни и насилни

Точно е дека постојат ментални бoлести кои можат да ја направат личноста агресивна или насилна. Но, ова никако не може да се каже за сите луѓе со вакви проблеми.

Всушност, кај лицата со депресија и анксиозност е многу поверојатно да си наштетат самите, отколку на некој друг.

Важно е да бидеме свесни за овој факт со цел да престане дискриминацијата на луѓето кои ги имаат овие нарушувања. 

8-lagi-za-depresijata-i-anksioznosta-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-06.jpg

Уште четири митови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg