8 лаги за депресијата и анксиозноста во кои треба да престанеме да веруваме
Мит 5: Луѓето со депресија и анксиозност не можат да бидат дел од општеството
Уште еден мит кој поттикнува дискриминација на овие луѓе.
Луѓето со депресија и анксиозност можат да бидат активни членови на општеството. Всушност, голема е веројатноста во вашиот круг на познаници да има најмалку една личност со ваков проблем, без вие воопшто да бидете свесни за тоа.
Има многу со депресија или анксиозност кои се успешни, а вие никогаш не би се ни посомневале дека страдаат од некој ваков проблем.
Ова е одличен показател дека тие не се никаква закана за општеството.
Мит 6: Луѓето со депресија и анксиозност не можат да работат
Веќе спомнавме дека има многу луѓе кои се успешни, и покрај тоа што имаат проблеми со менталното здравје.
Точно е дека депресијата, анксиозноста и другите слични нарушувања можат да го отежнат работењето за овие луѓе, но тоа не значи дека се неспособни.
Мит 7: Децата и тинејџерите немаат проблеми со менталното здравје
Ова е ужасна лага која ги банализира проблемите со менталното здравје на децата и тинејџерите.
Депресијата и анксиозноста не бираат возраст и можат да се појават кај секого, без разлика колку години има.
Ако имате дете и забележите промени во неговото однесување, или самото ви каже дека е депресивно, сфатете го сериозно и помогнете му.
Мит 8: Депресијата и анксиозноста ја намалуваат интелектуалната способност
Нема ниту еден доказ дека депресијата или анксиозноста можат да ја намалат интелектуалната способност на една личност.
Напротив, бројни истражувања покажале дека повисокиот коефициент на интелигенција е поврзан со зголемен ризик од појава на проблеми со менталното здравје, како депресија и анксиозност.
Спирова С. | Црнобело