Акупунктура и неплодност - дали помага, колку и како?
За многу жени и мажи, неплодноста може да биде резултат на хормонална нерамнотежа или стрес. Акупунктурата е практика со која се враќа рамнотежата, се намалува стресот, а со тоа се подобруваат целокупното здравје и благосостојбата.
Акупунктурата вклучува вметнување на многу тенки, стерилни игли во стратешките точки во вашето тело, наречени точки за акупунктура.
Се верува дека стимулирањето на овие точки, или патишта, ја коригира секоја нерамнотежа во енергијата на телото.
Истражувањата покажале дека акупунктурата може да помогне при:
- Менструални болки
- Болки во грбот и вратот
- Главоболки и мигрени
- Намалување на стресот и анксиозноста
- Подобрување на квалитетот на семената течност
- Подобрување на шансите за бременост кај жени подложени на асистирано оплодување
Исто така, постојат докази дека акупунктурата може да помогне при некои медицински состојби кои влијаат на плодноста, како што се синдромот на полицистични јајници, ендометриоза и фиброиди.
Но, најголемата придобивка може да биде нејзиниот ефект врз стресот и анксиозноста.
Акупунктура за време на третман на плодност
Додека некои истражувања не нашле поврзаност помеѓу акупунктурата и зголемената шанса за забременување, изгледа побројни се оние кои го тврдат спротивното.
Според истражувањата, акупнктурата може да ја зголеми шансата за забременување со асистирано оплодоување, доколку се администрира во сите фази на оплодувањето, а не само околу времето на трансфер на ембрионот.
Во многу случаи, третманот со акупунктура можеби ќе треба да се започне најмалку два до три месеци пред да се започне медицински третман за неплодност.
Тоа е затоа што на фоликулите на јајниците и на јајцеклетките во нив им треба повеќе од една година за да се развијат, а за спермата се потребни околу два месеца за да се произведе. Овој третман можеби ќе треба да се продолжи во сите фази на асистираното оплодувањето и во раната бременост.
Дали има некакви ризици од правење акупунктура кога се обидувате да забремените?
Оваа практика е обично безбедна, но важно е да побарате сертифициран и лиценциран професионалец кој е запознаен со грижата за неплодност.
Прашајте го вашиот репродуктивен ендокринолог дали тој/таа може да ве упати кај некого.
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com