Што ќе се случи ако голтнете гума за џвакање, заб или семки од овошје?
Средство за плакнење уста
Средствата за плакнење уста не треба да се голтаат, а ова го пишува и на нивната амбалажа.
Овие средства содржат алкохол и флуор кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми.
Но, ако станува збор за мало количество, како случајно голтање додека ја плакнете устата, не би требало да настанат проблеми.
Ако голтнете поголемо количество, може да се јават симптоми како вртоглавица, а во посериозни случаи и тешкотии со дишењето.
Бидејќи децата се физички помали, можат да почувствуваат лоши симптоми и со помало количество, па затоа најдобро е да не користат вакви средства.
Паста за заби
Како средствата за плакнење, и пастите за заби содржат флуор кој може да предизвика проблеми.
Ако голтнете малку паста, ќе поминете без проблеми. Но, ако голтнете големо количество, можно е да се зголеми нивото на флуор во организмот, а со тоа да се јават проблеми со стомакот и симптоми како повраќање и мачнина.
Ова не значи дека треба да ги избегнувате пастите со флуор, бидејќи оваа состојка ги зајакнува и штити забите.
Но, кога станува збор за деца, подобро е да користат паста соодветна за нивната возраст – во неа има помалку флуор бидејќи е земен предвид фактот дека веројатно ќе голтнат поголемо количество.
Коска од риба
Коските од риби можат да се дигестираат и со тоа да се исфрлат од организмот.
Но, ако коската ви го изгребе грлото или чувствувате болка откако ќе ја голтнете, најдобро е да одите на лекар.
Обично овие коски предизвикуваат мали гребаници на грлото кои заздравуваат сами, но и во овој случај е добро да се консултирате со лекар.
Доколку станува збор за поголема коска, може да направи проблем ако се заглави при голтање.
Инсекти
Бидејќи сепак се составени од органски материи, нашето тело може да свари и инсекти како пајаци, муви, комарци, болви…
Но, некои инсекти можат да предизвикаат проблем. На пример, осите и пчелите можат да ве боцнат и да предизвикаат отоци. Во овој случај веднаш одете на лекар.
Спирова С. | Црнобело