Што ќе се случи ако голтнете гума за џвакање, заб или семки од овошје?

Ако голтнете една гума за џвакање, нема да ви се случи ништо. Но, ако голтнете големо количество, можно е да се јави констипација, па дури и блокирање на цревата. А, што ако голтнете семки, паста за заби или коска од риба? Прочитајте... 

shto-kje-se-sluchi-ako-goltnete-guma-za-dzhvakanje-zab-ili-semki-od-ovoshje-01.jpg

На сите ни се случило да голтнеме нешто што не е храна – паста додека ги миеме забите, семка додека јадеме маслинки, па и гума за џвакање.

Исто така, сите имаме слушнато безброј митови за тоа што се случува откако ќе голтнеме нешто. А, повеќето митови се и застрашувачки.

Колку вистина има во овие митови и што навистина се случува кога ќе голтнеме некои од овие работи:

Гума за џвакање

Дали кога бевте мали ви кажуваа дека гумата за џвакање ќе се вари седум години во вашиот стомак ако ја голтнете?

Ова, секако, не е точно и нема никаква опасност ако голтнете една гума за џвакање.

Таа нема да се свари, но нема ни да остане во вашиот стомак, односно ќе се исфрли од организмот преку изметот.

Иако ова е безопасно, во многу ретки случаи, можно е да се појави констипација, па дури и блокирани црева, ако секојдневно голтате гума за џвакање или голтнете многу одеднаш.

shto-kje-se-sluchi-ako-goltnete-guma-za-dzhvakanje-zab-ili-semki-od-ovoshje-02.jpg

Семки од овошје

Семките од овошје (како портокал и јаболка) нема да предизвикаат никаков проблем ако станува збор за мало количество, односно од едно овошје.

Семките ќе се дигестираат и ќе се исфрлат од организмот.

Точно е дека некои семки содржат супстанци како цијанид, но во многу мали количества. Односно, за да настане штета од овие состојки, треба да изедете многу семки одеднаш, или да ги јадете секој ден, долг период.

shto-kje-se-sluchi-ako-goltnete-guma-za-dzhvakanje-zab-ili-semki-od-ovoshje-03.jpg

Семки од маслинки

Семките од маслинки не се отровни. Всушност, многу животни и птици ги јадат маслинките, вклучувајќи ги и семките.

Слично како со семките од овошје, ако голтнете две-три, нема да ви биде ништо, но пожелно е да бидете внимателни и да не го правите тоа бидејќи сепак може да ви се заглави при голтање.

shto-kje-se-sluchi-ako-goltnete-guma-za-dzhvakanje-zab-ili-semki-od-ovoshje-04.jpg

Заб

Освен ако не водите добра грижа за оралното здравје, веројатно нема да се најдете во ситуација да голтнете заб.

Но, ова може да им се случи на малите деца на кои им се менуваат забите.

Генерално, дигестивниот систем на возрасна личност може да се справи со голтнат заб – ќе го свари и ќе го исфрли.

Од друга страна, ако вашето дете голтне запче, најдобро консултирајте се со лекар и внимавајте да не се појават симптоми како болки во стомакот.

Ако детето има симптоми како треска, крв во изметот, проблеми со голтањето или болки во градите, веднаш однесете го на лекар.

shto-kje-se-sluchi-ako-goltnete-guma-za-dzhvakanje-zab-ili-semki-od-ovoshje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg