Што се случува за време на мамографија: Што да очекувате за време на прегледот и после него?

Мамографијата е важен скрининг и дијагностичка алатка за рак на дојка за жените. Редовните мамографи се најдобрите тестови кои лекарите ги имаат за рано да го откријат ракот на дојката, понекогаш и до три години пред да се почувствуваат симптомите. 

shto-se-sluchuva-za-vreme-na-mamografija-shto-da-ochekuvate-za-vreme-na-pregledot-i-posle-nego-1.png

Ако досега не сте направиле мамографија, препорачливо е да разговарате со вашиот лекар и да се консултирате. 

Во продолжение погледнете како изгледа овој преглед и што можете да очекувате: 

Кога треба да ја направите вашата прва мамографија?

Ова прашање има различни одговори во зависност од тоа кого прашувате. Препораките за првата мамографија делумно се засноваат на ризикот кај жената за развој на рак на дојка.

Ако имате близок член на семејството (мајка, сестра, тетка) кој имал рак на дојка, можеби сте изложени на поголем ризик за развој на рак и треба да разговарате со вашиот лекар за да започнете со мамографија порано од вообичаеното.

Исто така, може да бидете кандидат за генетски скрининг за да се утврди дали постои наследна врска.

Дополнително, препорачливо е жените по 40-тата година редовно да го прават овој преглед, но за тоа дополнително консултирајте се со вашиот лекар. 

Што да очекувате за време на прегледот?

Прегледот трае околу 30 минути. Не треба да користите дезодоранси, лосиони и парфеми пред да одите на преглед.

Откако ќе пристигнете, треба да го соблечете горниот дел од облеката и ќе добиете болничка наметка.

Можете да поставувате какви било прашања и кога ќе бидете подготвени, вашите гради ќе бидат рендгенски снимени една по една.

Прегледот обично вклучува две рендгенски снимки на секоја дојка, а за време на целиот процес треба да останете мирни.

Потоа, машината ќе биде завртена кон левата и десната страна на вашите дојки и целиот процес ќе биде повторен.

Иако прегледот може да предизвика блага непријатност, може да открие рак на дојка во рана фаза пред вие или вашиот лекар да ги почувствувате промените во градите, па не треба да го прескокнувате поради тоа. 

shto-se-sluchuva-za-vreme-na-mamografija-shto-da-ochekuvate-za-vreme-na-pregledot-i-posle-nego-3.png

Жените со импланти исто така можат да закажат преглед

Ако имате импланти и сакате да закажете преглед, важно е да се информира мамографската установа, бидејќи радиологот што ќе ве прегледува треба да има искуство при снимање пациенци со импланти.

Имплантите можат да скријат дел од ткивото на дојката, што му отежнува на радиологот да открие абнормалност.

Што се случува по прегледот?

По прегледот ќе добиете резултати во рок од еден месец. Ако добиете нормален тест, тогаш вие сте слободни. Доколку добиете абнормална мамографија, тоа не мора да значи дека имате рак.

Но, ќе треба да направите дополнителни тестови или прегледи, пред лекарот да може да каже со сигурност.

Може да бидете упатени и кај хирург кој е специјалист во оваа област.

shto-se-sluchuva-za-vreme-na-mamografija-shto-da-ochekuvate-za-vreme-na-pregledot-i-posle-nego-2.png

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg